НЕМАМ НАМЕРА ДА ПОДНЕСАМ ОСТАВКА АКО ОПОЗИЦИЈАТА ГИ БЛОКИРА ПРОЦЕСИТЕ ШТО ЖИВОТ ЗНАЧАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ, РЕЧЕ ЗАЕВ

    НЕМАМ НАМЕРА ДА ПОДНЕСАМ ОСТАВКА АКО ОПОЗИЦИЈАТА ГИ БЛОКИРА ПРОЦЕСИТЕ ШТО ЖИВОТ ЗНАЧАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ, РЕЧЕ ЗАЕВЗа Заев блокирањето на низа закони од страна на опозицијата е сериозна причина изборите да се одложат. (Фото: Фејсбук)

    Премиерот Зоран Заев најави дека е можно одложување на предвремените избори на 12 април доколку опозиционата ВМРО-ДПМНЕ продолжи да го блокира донесувањето на низа закони во Собранието. Одговарајќи на новинарско прашање дали изборите ќе се одложат, Заев кажа дека нема намера да поднесе оставка, ако некој намерно прави опструкции, со што штeта ќе ја трпат граѓаните, пензионерите нема да добијат повисоки пензии, а наставниците, професорите, лекарите и медицинските сестри повисоки плати.

    „Јас сум првиот што посакува да ги запазиме сите процедури. Но, ако се дозволи опозицијата на видлив начин во Собранието да ги изблокира законите за реализација на државните проекти кои што живот значат за граѓаните, тоа се сериозни причини за СДСМ да ги одложиме изборите. Јас сум првиот кој го почитува дијалогот, но немам намера да поднесам оставка ако некој ги блокира процесите. Нема да дозволам некој да прави опструкции на некои законски решенија. Правото на дискусија постои, но правото на намерно блокирање на процесите не е дозволиво“, рече премиерот Зоран Заев на почетокот на градежните работи за нова зграда на Одделот за крим-техника во кругот на МВР.

    Заев кажа дека в петок на седница на Централниот одбор на СДСМ ќе се одлучи кој ќе биде технички премиер во новата влада. Според него тоа што партиските органи одлучуваат кои имиња ќе бидат во новата влада, покажува дека тој не сака изборите да се одложат. На прашање дали Оливер Спасовски ќе биде нов технички премиер, Заев одговори дека тој е многу соодветно решение, но одлуката ќе ја донесат партиските орgани в петок.

    Предвремените парламентарни избори партиите на лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски на 20 октомври, по недобивањето на датум за почеток на преговори со Европската Унија, ги договорија за 12 април. Премиерот Заев треба оставка да си даде на 3 јануари, кога ќе се формира новата влада. ВМРО-ДПМНЕ ќе добие министри во Министерството за труд и социјална политика и во Министерството за внатрешни работи. Собранието треба да се распушти 60 дена пред избори односно на 12 февруари.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира