ОТСТРАНЕТА Е КЛУЧНАТА ПРЕЧКА ЗА НАТО И ЕУ, ИЗЈАВИ ГЕРМАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ХАЈКО МАС

    ОТСТРАНЕТА Е КЛУЧНАТА ПРЕЧКА ЗА НАТО И ЕУ, ИЗЈАВИ ГЕРМАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ХАЈКО МАСШефот на германската диплотматија Мас ги повикувам сите политички сили во Скопје и во Атина да придонесат за спроведување на овој историски договор бидејќи тој ги јакне добрососедските односи меѓу двете земји и придонесува за стабилноста на Западен Балкан.(Фото: АФП)

    Со решавањето на 25-годишниот спор за името остранета е клучната пречка за НАТО и Европската унија, изјави министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас. Мас изјави дека е одлична вест што двете страни најдоа решение и се согласија за името Република Северна Македонија.

    „Ова покажува што може да се постигне ако меѓународно се однесуваме со трпение, разум и почит едни кон други. Вредеше што никогаш не се откажавме од надежта, што бевме во постојана блиска размена и што двете страни и во тешки фази секогаш одново наоѓаа компромиси. Преговорите беа долги и макотрпни. Но, на крајот решителноста и визијата на двајцата премиери и нивните министри за надворешни работи доведоа до успех. На двете Влади им честитам од срце за овој историски договор. Сега е отстранета клучна пречка за приближувањето на Скопје на ЕУ и на НАТО “, се вели во изјавата на Мас.

    Шефот на германската дипломатија ги повика сите политички сили во Скопје и во Атина да придонесат за спроведување на овој историски договор бидејќи тој ги јакне добрососедските односи меѓу двете земји и придонесува за стабилноста на Западен Балкан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира