ПОЧНА ПРОТЕСТОТ ПРЕД СЈО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЧНА ПРОТЕСТОТ ПРЕД СЈО

    Антивладините демонстанти го почнаа протестот пред СЈО.

    Протестот го организира граѓанската инцијатива „Протестирам“. Тие бараат итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    Вчера попладне, еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, и европратениците Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгл изразија жалење што лидерската средба во Виена со челниците на четирите најголеми партии во Македонија беше откажана.

    „ Постојаните проблеми со владеењето на правото во Скопје, кои го поткопуваат договорот од Пржино, мора да се решат без понатамошно одложување. Ова особено се однесува на неодамнешното помилување од претседателот и за чекорите кои се итно неопходни за подготовка на веродостојни избори, кои би можеле да бидат признаени од меѓународната заедница“, стоеше во заедничката изјава на еврокомесарот и на европреатениците.

    Во соопштението се наведува дека тие остануваат посветени да им помагаат на политичките партии во надминувањето на политичката криза, но оти партиите се тие кои треба да ги преземат следните чекори.

    Вчера во Скопје антивладините демностранти протестираа пред СЈО, продолжија пред седиштето на ЕУ каде полицијата не им дозволи да го пробијат кордонот кон резиденцијата на Преседателот Ѓорѓе Иванов на Водно, па протестот заврши пред Влада. Еден час откако почна антивладиниот протест, пред Собранието на Република Македонија се собраа и демонстранти дојдени од цела Македонија на протест организиран од невладината организација Граѓанско движење за одбрана на Македонија (ГДОМ). Протестите завршија со боја врз Владата од антивладините демонстранти и оро пред Собрание од оние организирани од ГДОМ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари