ПОЖАРОТ КАЈ ВЕЛЕС СЕ ПРОШИРИ КОН БАШИНО СЕЛО, ПРИВЕДЕНИ ЧЕТВОРИЦА

    ПОЖАРОТ КАЈ ВЕЛЕС СЕ ПРОШИРИ КОН БАШИНО СЕЛО, ПРИВЕДЕНИ ЧЕТВОРИЦАВечерва по барање на Општина Велес на помош во гасењето на пожарот стигнаа и екипи од скопската пожарна. (Фото: Пожарна на Град Скопје)

    Пожарот што попладнево избувна во Велес е проширен кон Башино Село и отпадот Дине. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, пожарот кај езеро Младост сѐ уште е активен, но во горниот дел е ставен под контрола.

    „Гори нискостеблеста шума, смрека и сува трева, а силниот ветар во моментот го отежнува гаснењето на пожарот“, велат од Центарот за управување со кризи.

    Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека четири лица се приведи во врска со пожарот во Велес. Неофицијално, станува збор за работници кои работеле со брусалица, при што искри предизвикале пожар кој брзо се проширил, а тие не успеале да го спречат.

    Вечерва, по барање на Општина Велес на помош во гасењето на пожарот стигнаа и екипи од скопската пожарна. Командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје Владимир Симоновски вели дека на гасење на пожарот се ангажирани 20 пожарникари и 5 возила.

    На терен дејствуваат сили и на Армијата и пожарни екипи од Велес, Неготино, Свети Николе, Штип и Кавадарци Во текот на денот се дејствуваше и од воздух со хеликоптер на Армијата и со два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување, кои поради слабата видливост во текот на ноќта ќе бидат повлечени.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира