ПРОТЕСТИТЕ ВО СКОПЈЕ, БИТОЛА И СТРУМИЦА ЗАВРШИЈА БЕЗ ИНЦИДЕНТИ

    ПРОТЕСТИТЕ ВО СКОПЈЕ, БИТОЛА И СТРУМИЦА ЗАВРШИЈА БЕЗ ИНЦИДЕНТИ

    Протестите во Скопје, Битола и Струмица поминаа мирно.

    Демонстрантите кои во Скопје бараа оставка од претседателот Иванов, формирање експертска влада и одложување на изборите од 5 јуни полека почнаа да го напуштаат просторот пред Владата.

    аматерска фотографија

    аматерска фотографија

    Дел од нив се упатија кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Но просторот пред плоштадот ВМРО го чува силно полициско обезбедување и не дозволува пристап ни од далеку.

    Меѓу демонстрантите пред Владата беше и лидерот на СДСМ Зоран Заев. „Гневот граѓаните мора да го истурат на улиците. Јас само се надевам дека ќе бидеме внимателни, дека ќе бидеме луѓе пред се, без употреба на насилство и по мирен пат секој ќе го изрази револтот во форма на протест“, им изјави Заев на новинарите што го следат протестот.

    Општинската зграда во Битола ја чуваа полициски сили и однадвор и одвнатре (Фото:СДК.МК)

    Општинската зграда во Битола ја чуваа полициски сили и однадвор и одвнатре (Фото:СДК.МК)

    Вечерва се протестираше и во Струмица и Битола.

    Во Битола демонстрантите кои бараат оставка од градоначалникот Владимир Талевски, кого СЈО го сомничи за манипулации со превозот на учениците, а Иванов го помилува, фрлаа со ќеси по фасадата на општинската зграда и ја обоија во зелено.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари