САД ГО ПОДДРЖУВА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ИМЕТО, ОЧЕКУВА МАКЕДОНИЈА НАСКОРО ДА СТАНЕ 30. ЧЛЕНКА НА НАТО, МУ КАЖА ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ПОМПЕО НА ДИМИТРОВ ВО ВАШИНГТОН

    САД ГО ПОДДРЖУВА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ИМЕТО, ОЧЕКУВА МАКЕДОНИЈА НАСКОРО ДА СТАНЕ 30. ЧЛЕНКА НА НАТО, МУ КАЖА ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ПОМПЕО НА ДИМИТРОВ ВО ВАШИНГТОНДржавниот секретар на САД Мајк Помпео на официјалната средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров во Вашингтон (Фото: принтскрин од видео на Стејт департментот на САД)

    Државниот секретар на САД Мајк Помпео даде силна поддршка за Македонија наскоро да стане 30-та членка на НАТО, на официјалната средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров во Вашингтон.

    „Како еден од архитектите на Договорот со Грција, министерот Димитров играше критична улога во целиот процес. САД силно ги поддржуваат напорите на македонската Влада. Ја цениме улогата што Димитров ја игра во целот процес и САД пожелуваат и се надеваат на успешен референдум, а секретарот Помпео јасно му кажа на министерот Димитров дека САД очекуваат Македонија да биде 30. земја членка на НАТО“, рече по средбата помошникот државен секретар за европски прашања Вес Мичел, кој го поздрави Димитров за успешниот Договор помеѓу Македонија и Грција постигнат во Преспа.

    Димитров рече дека ова е многу важен момент за македонската дипломатија.

    „Со државниот секретар Мајк Помпео денеска имавеме средба што силно охрабрува. Тајмингот е од огромна важност. Како што е познато, фокусирани сме на домашните задачи. Потребна е победа на референдумот кој ќе го потврди Договорот што го постигнавме со нашите пријатели од Грција. Македонија има намера да стане рамноправна членка на воената алијанса и нашите американски партнери даваат целосна поддршка во тоа. Со вакви охрабрувачки ноти од САД утре се враќам во Македонија за лично да ја пренесам пораката до македонскиот народ“, рече Димитров.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира