СДСМ ГО ПОВИКА ВЕЉАНОСКИ ДА СВИКА СЕДНИЦА ЗА ПОПЛАВАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    СДСМ ГО ПОВИКА ВЕЉАНОСКИ ДА СВИКА СЕДНИЦА ЗА ПОПЛАВАТА

    Пратеничката група на СДСМ и опозицијата денеска го повикаа претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски да свика итна и неодложна седница на која ќе се расправа за состојбата во подрачјата погодени во поплавите. Пратеникот Петре Шилегов, рече дека неговата пратеничка група предлага конкретни мерки и заклучоци, со кои ќе им се помогне на граѓаните од поплавените подрачја.

    Дел од мерките се Владата да ги одложи сите планирани непродуктивни трошења на буџетот и да ја запре изградбата на сите објекти на кејот на Вардар, кои можат да предизвикаат несакани промени во водостојот и текот на водите. Исто така, СДСМ предлага министерството за финасии да подготви прераспределба на средства со кои ќе се предвиди обештетување на семејствата на загинатите, загрозените семејства, како и за санирање на материјалните штети. СДСМ бара владата да донесе одлука за обештетување на секое домаќинство кое е погодено од поплавите во износ од 3.000 евра, евакуација на населението од поплавените подрачја, со управувачкиот комитет да управува експерт и собраниската комисија за финансирање и буџет да врши контрола на сите финансиски и нефинансиски средства кои се донирани за да се спречи нивна злоупотреба за политички маркетиншки цели.

    Опозицијата бара комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство да организира надзорна расправа за да се утврди одговорноста на институциите, поединците во организирањето и имплементирањето на системот на заштита и спасување и системот за управување со кризи.

    „Мислам дека во рок од 24 часа секој може да одговори и затоа се надевам дека претседателот Велјаноски, во најкус можен рок ќе ја свика седницата на која ќе ги изгласаме овие мерки и заклучоци за да им помогнеме на граѓните“, рече Шилегов.

    Одговарајќи на новинарски прашања, Шилегов рече дека нивните екипи на терен забележале сериозни пропусти и во превенирањето и во организацијата на терен во поплавените подрачја, како и злоупотреба на хуманитарната помош.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари