СЕДУМ УЧЕНИЦИ И ПЕТ НАСТАВНИЦИ ОД НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО СЕ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19

    СЕДУМ УЧЕНИЦИ И ПЕТ НАСТАВНИЦИ ОД НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО СЕ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19Од Министерството за образование информираат дека до 12 часот денес има вклупно 42 активни случаи на ковид-19 кај ученици и 65 кај наставници. Од нив 29 ученици се од основно образование, а 13 од средно, додека 47 наставници се од основно, а 18 од средно образование.(Архивска фотографија од првиот училишен ден: Ѓ.Личовски)

    Седум ученици и 5 наставници кои имале настава со физичко присуство имаат коронавирус. Од Министерството за образование информираат дека до 12 часот денес има вкупно 42 активни случаи на ковид-19 кај ученици и 65 кај наставници. Од нив 29 ученици се од основно образование, а 13 од средно, додека 47 наставници се од основно, а 18 од средно образование.

    „Од активните случаи во средно образование, ниту еден од учениците и наставниците не учествувале во настава со физичко присуство и согласно тоа немале контакт со остатокот од учениците или наставниот кадар. Во однос на основните училишта од активните случаи 7 од учениците и 5 од наставниците имале настава со физичко присуство во училиштата. Во сите случаи почитувани се препораките од Центрите за јавно здравје и е постапувано согласно алгоритмите“, велат од Министерството за образование.

    Учениците кои следеле настава со физичко присуство, а сега се во изолација поради ковид-19, учењето го продолжат онлајн. Од Министерството велат дека од целокупното одговорно однесување ќе зависи и продолжувањето на наставата со физичко присуство во училиштата и затоа апелираат до наставниците и учениците доследно да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19 и одговорно да се однесуваат и надвор од работните места и од училиштата со што ќе го спречат ширењето на болеста.

    „Воспоставениот начин на учење од далечина, наставата успешно се спроведува во време на пандемија. Околу 87% од учениците ги следат часовите онлајн без никакви потешкотии. За останатиот дел кои немаат уреди, или интернет конекција часовите се емитуваат на телевизија преку Националната радио-телевизија, а наставниците имаат обврска да им доставуваат печатени материјали и да бидат во постојана комуникација со учениците за да го следат нивниот напредок во совладувањето на наставниот материјал“, додаваат од Министерството за образование.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира