СЕКОЕ УЧИЛИШТЕ ТРЕБА ДА СИ НАПРАВИ ПЛАН ЗА ЦЕЛОДНЕВНА НАСТАВА, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА ЦАРОВСКА

    СЕКОЕ УЧИЛИШТЕ ТРЕБА ДА СИ НАПРАВИ ПЛАН ЗА ЦЕЛОДНЕВНА НАСТАВА, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА ЦАРОВСКАСекое училиште, на начин на кој мисли дека е најсоодветен, заедно со родителите треба да донесе одлука за одвивање на целодневната настава; - Прв училиштен ден во училиштето „Јан Амос Коменски“ во скопската Општина Карпош. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Самите училишта треба да си направат план како ќе се спроведе и одвива целодневната настава за децата од прво до трето одделение. Министерката Мила Царовска на првиот училишен ден кажа дека Владата ги известила градоначалниците за одлуката за целодневна настава и сега самите училишта во консултација со родителите треба да најдат начин да се спроведе.

    „Организацијата на целодневната настава е во надлежност на училиштата, не на Министерството за образование. Секое училиште, на начин на кој мисли дека е најсоодветен, заедно со родителите ќе донесе одлука за одвивање на целодневната настава“, рече министерката Царовска.

    Владата на седницата одржана на 29 септември донесе одлука за децата од прво до трето одделение да има дневен престој во училиштата. Според препораката на Комисијата за заразни болести, продолжениот престој треба да се организира и реализира со ученици од иста паралелка и од исто одделение, без мешање на различни паралелки и одделенија.

    Денеска, со задоцнување од еден месец почна, учебната година со комбинирана настава. Во 600 улилишта наставата ќе се одвива со физичко присуство, а во останатите онлајн преку националната пратформа www.shcools.com или со емитување часови на македонски и на албански јазик преку три канали на Македонската радиотелевизија (МРТ).

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира