СОСТОЈБАТА Е КРИТИЧНА, НО ГРАЃАНИТЕ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ГРИЖАТ, ТИЕ ШТО ИМААТ ПОТРЕБА ДОБИВААТ ЗДРАВСТВЕН ТРЕТМАН, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    СОСТОЈБАТА Е КРИТИЧНА, НО ГРАЃАНИТЕ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ГРИЖАТ, ТИЕ ШТО ИМААТ ПОТРЕБА ДОБИВААТ ЗДРАВСТВЕН ТРЕТМАН, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВОВо болници се лекуваат 1.739 пациенти. (Фото: СДК.МК)

    Министерството за здравство ги уверува граѓаните дека не треба да се грижат дека ќе останат без здравствена заштита и третман, иако, според последното соопштение, состојбата со ковид-19 е критична.

    Од кабинетот на министерот Венко Филипче денеска информираа дека и покрај големиот притисок врз болниците во државата, кои сè побрзо се исполнуваат со ковид пациенти, обезбедени се слободни места на повеќе клиники, Институтот за белодробни заболувања Козле како и на Интерните клиники.

    „Состојбата е критична, но граѓаните не треба да се грижат, оние кои имаат потреба во секое време добиваат соодветна здравствена грижа и третман во болниците“, велат од Министерството за здравство.

    Од Министерството велат дека сите болници и медицински кадар се целосно мобилизирани.

    Според последните информации, на болничко лекување се 1.739 пациенти со компликации од ковид-19, а слободни се околу 230 кревети.

    „И во болниците низ државата, секојдневно системот се менаџира, помеѓу постојаните Инфективни одделенија во здравствените установи и модуларните болници. Оваа здравствена криза погодена од третиот може најсилен бран досега е присутна насекаде, кај нас, во регионот, во цела Европа“, соопшти Министерството.

    Здравствените власти ги повикуваат граѓаните секој индивидуално да даде свој придонес во борбата со корона вирусот и да им помогне на здравствените работници, во оваа исцрпувачка битка која трае повеќе од една година. Министерството за здравство упатува апел до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот Ковид 19.

    Завчера во земјава починаа 50, а вчера 45 лица, вчера беа регистрирани нови 1.394 случаи, а активни се 21.553.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира