СРЕДБА НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА СДСМ И ДУИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СРЕДБА НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА СДСМ И ДУИ

    Работни групи на СДСМ и ДУИ денеска се сретнаа за да ги почнат преговорите за формирање нова влада. СДСМ е претставен од членовите на раководството Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски и Рената Дескоска, додека од ДУИ на средбата во еден скопски хотел се градоначалниците Теута Арифи, Изет Меџити и Невзат Бејта.

    Преговорите меѓу ДУИ и СДСМ доаѓаат откако во четвртокот претседателот Ѓорге Иванов побара од потенцијалниот мандатар за нова влада да му достави доказ дека има поддршка од 61 пратеник по средбата со лидерите на парламентарните партии.

    Средбата се уште е во тек.

    Претходно, Никола Груевски не успеа да состави влада во уставниот рок од 20 дена од добивање на мандатот, кој истече на 29 јануари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира