СУБВЕНЦИИ ЗА ПЛАТИ, ПОВОЛНИ КРЕДИТИ И БРИШЕЊЕ НА КАМАТИТЕ НА ДОЛГОВИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ СЕ ДЕЛ ОД ПЕТТИОТ ПАКЕТ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ

    СУБВЕНЦИИ ЗА ПЛАТИ, ПОВОЛНИ КРЕДИТИ И БРИШЕЊЕ НА КАМАТИТЕ НА ДОЛГОВИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ СЕ ДЕЛ ОД ПЕТТИОТ ПАКЕТ ЕКОНОМСКИ МЕРКИСо овој пакет мерки, како што рече Заев, земјава преминува во фаза на излез од пандемијата. (Фото: К. Попов)

    Петтиот пакет економски мерки за помош на стопанството и граѓаните за пребродување на ковид кризата ќе чини 160 милиони евра. И со овој пакет со обезбедуваат пари за субвенционирање на плати за фирми кои работеле со загуба, ќе се даваат кредите со ниски камати, што според премиерот Зоран Заев ќе донесе раст на Бруто домашниот производ во вториот квартал на годината.

    Со мерките се предвидени кредити со нула отсто камата за секторите туризам, угостителство, транспорт, занаетчиство и за приватните здравствени ординации. Помош ќе има и за радијата и телевизиите, со тоа што ќе бидат ослободени од плаќање на концесијата за 2021 година.

    Ќе им бидат избришани каматите на долговите на граѓаните кон државните институции и јавните претпријатија. Заев рече дека оваа мерка не е обесхрабрување за граѓаните кои редовно си плаќаат сметки, туку искажување солидарност кон по сиромашните и ги повика и приватните компании да се откажат од каматите на долговите.

    „Сега е момент да ја стимулираме развојната компонентна на компаниите. Овој пакет се надоврзува на претходните четири, а се донесени во разговори со сите засегнати страни. Преминуваме во фаза на излез од пандемијата. Со директната помош на компаниите овозможуваме зачувување на работните места, а имаме соодветна помош за сите други категории“, рече Заев.

    Помош ќе се предвиди и за маркетинг агенции и фирми кои организираат настани, за меѓународните транспортери, за хотели надвор од туристички места како и за спортски клубови.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира