УШТЕ 14 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 И 62 ПОЗИТИВНИ ОД 2.557 ТЕСТОВИ, В БОЛНИЦА СЕ 514 БОЛНИ

    УШТЕ 14 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 И 62 ПОЗИТИВНИ ОД 2.557 ТЕСТОВИ, В БОЛНИЦА СЕ 514 БОЛНИДенеска се регистрирани 245 оздравени пациенти, а бројот на активни случаи е 3.636. (Фото: СДК.МК)

    Во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје – 33, Гостивар и Струмица – по 4, Прилеп, Битола, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 3, Куманово – 2, Тетово, Велес, Кочани и Кратово – по 1.

    Пријавени се вкупно 14 починати лица: 6 од Скопје (58г,60г, 63г,72г , 82г, и 83г), 3 лица од Тетово (69г, 74г, 79г), 2 лица од Гостивар (62г и 77г) по едно лице од Куманово (60г), Кичево (74г) и Битола (68г). Од пријавените, 4 се починати во домашни, а останатите 10 лица во болнички услови.

    Вкупниот број на позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 514, а во ковид-центрите има 740 празни кревети.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрираше 245 оздравени пациенти и сега бројот на активни случаи е 3.636.

    Направени се 2.557 тестови преку: ИЈЗ-95, ЦЈЗ Скопје-52, ЦЈЗ Битола-95, ЦЈЗ Прилеп-16, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-12, Институт за микробиологија–80, МАНУ-59, Жан Митрев (Филип Втори) – 155, Авицена-282, Биотек-302, Систина-249, лабораторија Лаор-641, Синлаб-29, Ремедика-23, Плодност–48, Генеа – 13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 406. Досега во земјата се направени вкупно 756.480 тестирања на ковид-19.

    Вкупо ковид-дијагностицирани досега се 154.698,  оздравени се 145.851, починале 5.211 болен.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 68242, активни 1475
    Куманово 8778, активни 339
    Прилеп 8262, активни 165
    Тетово 7189, активни 127
    Битола 6268, активни 243
    Велес 5463, активни 99
    Гостивар 5159, активни 64
    Кавадарци 5147, активни 54
    Охрид 4983, активни 203
    Штип 4953, активни 78
    Струмица 4100, активни 107
    Струга 2969, активни 77
    Кочани 2775, активни 59
    Кичево 2538, активни 86
    Гевгелија 2190, активни 37
    Неготино 2179, активни 26
    Свети Николе 1518, активни 44
    Ресен 1233, активни 47
    Крива Паланка 1218, активни 14
    Радовиш 1136, активни 58
    Берово 1026, активни 9
    Делчево 967, активни 28
    Дебар 938, активни 8
    Виница 872, активни 68
    Пробиштип 789, активни 19
    Валандово 665, активни 7
    Богданци 493, активни 9
    Крушево 488, активни 25
    Демир Хисар 396, активни 22
    Демир Капија 396, активни 3
    Кратово 367, активни 15
    Македонски Брод 356, активни 1
    Пехчево 266, активни 2
    Македонска Каменица 247, активни 18
    Дојран 132, активни 0

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира