УШТЕ 520 ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19 ОД 3.023 ТЕСТОВИ И 12 ПОЧИНАТИ

    УШТЕ 520 ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19 ОД 3.023 ТЕСТОВИ И 12 ПОЧИНАТИСите 12 пациенти се починати во болнички услови. (Фото: СДК.МК)

    Нови 520 случаи на ковид-19 се регистрирани изминатите 24 часа од 3.023 тестирања, а 12 лица починаа. Според градови случаите се во Скопје-231, Куманово-22, Дебар-11, Штип-10, Прилеп-9, Тетово-23, Струга-9, Велес-20, Битола-10, Охрид-22, Кавадарци-28, Гостивар-25, Гевгелија-8, Струмица-20, Крива Паланка-12, Радовиш-6, Крушево-2, Кочани-7, Пробиштип-5, Македонски Брод-2, Пехчево-4, Берово-4, Валандово-2, Виница-2, Делчево-7, Кратово-2, Свети Николе-2, Кичево-11, Ресен-1, Неготино-3.

    Од починати 12 лица, четири пациенти од Скопје (88, 50, 82 и 65), еден пациент од Дебар (72), двајца од Струга (79 и 81), два пациенти од Охрид (94 и 66), еден пациент од Струмица (79), од Крива Паланка (59) и еден пациент од Кичево (70). Пациентите се починати во болнички услови.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 372 оздравени пациенти од: Скопје-150, Куманово-16, Штип-6, Прилеп-18, Тетово-12, Струга-20, Велес-15, Битола-17, Кавадарци-27, Гостивар-14, Гевгелија-9, Струмица-17, Радовиш-7, Кочани-13, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-5, Виница-2, Свети Николе-1, Кичево-5, Ресен-3, Неготино-12.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87.117, бројката на оздравени пациенти е 68.364, на починати е 2.647, а бројот на активни случаи изнесува 16.106. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 37746, активни 9871
    • Куманово 4912, активни 472
    • Дебар 694, активни 146
    • Штип 3392, активни 187
    • Прилеп 4392, активни 348
    • Тетово 4898, активни 704
    • Струга 2103, активни 191
    • Велес 2888, активни 387
    • Битола 3123, активни 369
    • Охрид 2586, активни 419
    • Кавадарци 2317, активни 479
    • Гостивар 3480, активни 435
    • Гевгелија 1225, активни 211 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 210 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 2410, активни 434
    • Крива Паланка 688, активни 113
    • Радовиш 655, активни 73
    • Крушево 176, активни 25
    • Кочани 1663, активни 158
    • Пробиштип 467, активни 34
    • Демир Хисар 238, активни 29
    • Македонски Брод 232, активни 14
    • Пехчево 169, активни 26
    • Берово 547, активни 63
    • Валандово 321, активни 34
    • Виница 468, активни 65
    • Делчево 690, активни 211 (188 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 203, активни 16
    • Свети Николе 1054, активни 66
    • Кичево 1623, активни 179
    • Ресен 670, активни 112
    • Неготино 1087, активни 235 (173 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 3.023 теста се преку: ИЈЗ-604, ЦЈЗ Скопје-76, Авицена-277, Биотек-384, МАНУ -139, Жан Митрев (Филип Втори)-146, Систина со PCR метода -331, лабораторија Лаор –100, Судска медицина-5, ЦЈЗ Битола-15, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-36, Ремедика-32, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ (рапид тест) -852, УК Пулмологија со алергологија –4, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 421.153 тестирања на Ковид -19.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира