ВЕЉАНОСКИ: НЕМА УСТАВНА МОЖНОСТ ДА ГО СВИКАМ СОБРАНИЕТО

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    ВЕЉАНОСКИ: НЕМА УСТАВНА МОЖНОСТ ДА ГО СВИКАМ СОБРАНИЕТО

    Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, нема да го свика парламентот, што е еден од условите за СДСМ да учествува на лидерската средба в петок во Виена. Во врска со прес-конференцијата на СДСМ, Вељаноски преку соопштение информира дека во согласност со членот 63, став 6 од Уставот, ако Собранието се рапушти и за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници, нема можност повторно истиот пратенички состав да се состане.

    „Тоа, во суштина, значи дека какво било свикување на седница на која би присуствувале пратеници кои самите веќе донеле одлука за свое распуштање е во целосна спротивност со Уставот како највисок правен акт во државата. Во оваа смисла, сакам да ѝ укажам на македонската јавност дека највисоката институција за оцена на уставноста, Уставниот суд, уште пред една деценија има расправано и одлучувано во врска со споменатото прашање, при што крајно логично заклучува дека, цитирам: „…со Уставот не е утврдено мандатот на пратениците во Собранието да продолжи во случај на распуштање на Собранието, ниту е предвидено во таков случај тие да продолжат со должноста“. Врз основа на споменатото, повеќе од јасно е дека уставните норми што се однесуваат на почетокот, траењето и на завршувањето на мандатот на пратениците се сосема јасни и недвосмислени, при што секое свикување седница на веќе распуштено Собрание, би претставувало грубо прекршување на Уставот на Република Македонија“, заклучува Вељаноски во соопштението.

    Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска уште еднаш покажа колку не се грижи за иднината на Република Македонија и за нејзините граѓани, реагира Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на обраќањето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Димовски рече дека Заев не се грижи за стабилноста и не се грижи за немирот што секојдневно го внесува помеѓу граѓаните. Според Димовски, Заев донел неодговорна и деструктивна одлука со тоа што го условил неговото присуство на лидерската средба во Виена.

    „Зоран Заев денеска донесе неодговорна и деструктивна одлука, бегајќи од разговори со кои треба да се трасира патот што води кон избори и кон решавање на кризата. Ѝ заврти грб на Македонија и потврди дека неговата намера е продлабочување и ескалирање на кризата, затоа што тој и луѓето околу него можат да функционираат и да привлечат внимание само во време на криза. Зоран Заев со бегањето од разговорите закажани во Виена покажа дека само заради спасот на сопствената кариера, има намера да ја држи Република Македонија уште долго во заложништво“, вели Димовски.

    Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во гостување на емисијата „Клик плус“ на „Телевизија 21“ го потврди своето учество на лидерската средба во Виена што за петок ја закажа еврокомесарот Јоханес Хан. Ахмети рече дека не сака од Виена да се вратат без договор. Тој вели дека Договорот од Пржино треба да се потврди бидејќи, според него, тој не е мртов.

    „Работи Специјалното јавно обвинителство, работат и други институции, побаравме од т.н. претседател Иванов да ја повлече одлуката. Мојата изјава дека Украина може и да не биде далеку, им беше по малку смешна на некои политичари и аналитичари, па и надвор од земјата. Мојата цел беше дека последиците ќе бидат многу помали ако се реагира“, рече лидерот на ДУИ, кој предупреди дека е потребно брзо решение, бидејќи штети имаат државата, граѓаните, особено економијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари