ВИКЕНДОВ НЕ СЕ ВРШИ ВАКЦИНАЦИЈА НА ЛИЦАТА НАД 77 ГОДИНИ ВО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ДОМОВИ

    ВИКЕНДОВ НЕ СЕ ВРШИ ВАКЦИНАЦИЈА НА ЛИЦАТА НАД 77 ГОДИНИ ВО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ДОМОВИВо следниот период 7 дена ќе бидат работни, рече министерот Филипче; - Пунктот за вакцинација во Поликлиника Букурешт во Скопје. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Викендов не се врши вакцинација против ковид-19 во здравствените домови на лицата постари од 77 години. Вакцинацијата на оваа возрасна група почна во средата, викендов паузира, а ќе продолжи в понеделник.

    Министерот за здравство Венко Филипче не ни даде објаснување зошто викендов нема вакцинација, само кажа дека во наредниот период секој ден ќе се вакцинираат граѓаните.

    „Како што ќе се одвива процесот се повеќе луѓе ќе се вакцинираат, така што во следниот период 7 дена ќе бидат работни”, рече Филипче кој денес присуствуваше на симулација на вакцинација во салата „Борис Трајковски“, каде в понеделник ќе почне интензивното вакцинирање.

    Изминативе три дена се вакцинирани околу 3.000 лица над 77 години со вакцината на „АстраЗенека“.

    А. АНТЕВСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира