ВЛАДАТА ВОВЕДУВА ВИКЕНД БЕЗ ДДВ, ЌЕ СЕ КУПУВА ПОЕВТИНА ОБЛЕКА, МЕБЕЛ, БЕЛА ТЕХНИКА, САНИТАРИИ, КНИГИ И ПРИБОР

    ВЛАДАТА ВОВЕДУВА ВИКЕНД БЕЗ ДДВ, ЌЕ СЕ КУПУВА ПОЕВТИНА ОБЛЕКА, МЕБЕЛ, БЕЛА ТЕХНИКА, САНИТАРИИ, КНИГИ И ПРИБОР„Со оваа мерка очекуваме дополнителен приход од 20 милиони евра кои ќе се слеат во македонското стопанство“, рече за третиот столб економски мерки против коронакризата премиерот Оливер Спасовски; - Редици во Сити мол во Скопе на првиот ден од новото отворање во коронакризата.(Фото: Ѓ. Личовски)

    Владата во третиот столб мерки за помош во коронакризата, кои се однесуваат на директна финанскиска помош на граѓаните, воведува викенд без данок на додадена вредност (ДДВ) што ќе се однесува за сите граѓани.

    „Преку пониски цени поттикнуваме потрошувачка и раст на приходи во одредени продажни сектори, како што се продавници за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги. Со оваа мерка очекуваме дополнителен приход од 20 милиони евра кои ќе се слеат во македонското стопанство“, рече премиерот Оливер Спасовски.

    Владата, освен платежните картички од по 9.ооо денари кои ќе важат 30 дена и ваучерите од по 6.000 денари заедно со картичка од по 3.000 денари за граѓани со месечен приход под 15.000 денари, воведува и директна помош за лицата кои од 11 март до 30 април добиле отказ или останале без работа со спогодба.

    Натаму, ќе дава бескаматни кредити во вредност од 31 милион евра за фирми формирани од жени или од млади лица, преку развојната банка на Република Северна Македонија, за воведување дигитализација и иновативност во нивната работа, со цел да се задржат постојните работни места и да се отворат нови. Оваа мерка е за сите микро и мали приватни компании. Фирмите што се формирани од жени или од млади лица, ќе добијат и неповратен грант.

    Дури 125 милиони евра ќе бидат ставени на располагање на извозно ориентираните компании за поддршка и за преземање на ризикот на дел од комерцијалниот кредит, гаранција за обезбедување на царинскиот долг, за поголем извоз и полесен пристап до суровините за домашните компании.

    Милион евра за текстилците, помош од 50 отсто за цената на зелената нафта за земјоделците, за што ќе добијат платежна картичка, а 50 илјади земјоделци ќе добијат помош за планско производство. Ќе се стимулираат преработувачите на земјоденски производи, вкупната помош е 76 милиони евра.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари