ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ДА УЧЕСТВУВА НА ИЗБОРИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ВО ШТИП И ПЛАСНИЦА

    ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ДА УЧЕСТВУВА НА ИЗБОРИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ВО ШТИП И ПЛАСНИЦАЛидерот на партијата Христијан Мицкоски по седницата на Извршниот комитет кажа дека на ваков чекор се одлучиле поради големиот број новозаразени од ковид-19. (Фото: СДК.МК)

    Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска одлучи партијата да не учествува на изборите за  градоначалник во општините Штип и Пласница. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски по седницата на Извршниот комитет кажа дека на ваков чекор се одлучиле поради големиот број новозаразени од ковид-19.

    „Буквално секој ден броиме по десетина граѓани кои го губат живот поради коронавируот, а имаме илјадници новозаболени. Затоа нема да учествуваме на овие локални избори во Штип и Пласница“, рече Мицкоски.

    Ваквата одлука на партијата, од Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес за избор на нов лидер ја оценија како страв на Мицкоски од нов параз и рекоа дека тоа е уште еден доказ оти промени во ВМРО-ДПМНЕ мора да има.

    „Очигледно е дека не станува збор за некаков страв од пандемија, туку наједноставно кажано, станува збор за страв од уште еден пораз на Христијан Мицкоски. Тој ги знае анкетите и знае дека тоа што нема став по важните прашања се одразува катастрофално по неговиот рејтинг и рејтингот на партијата. Беше очекувано дека ќе избега од изборно соочување“, вели поранешниот градоначалник на Општина Аеродром Ивица Коневски, кој е еден од иницијаторите за смена на Мицкоски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира