ВО КОНТАКТ СМЕ СО САД, НАТО И ЕУ, ЌЕ ПОСТАПУВАМЕ БЕЗ ЕМОЦИИ И ЕУФОРИЈА, РЕЧЕ АХМЕТИ ПО НАЈАВАТА НА МИЦКОСКИ ЗА НОВО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВО

    ВО КОНТАКТ СМЕ СО САД, НАТО И ЕУ, ЌЕ ПОСТАПУВАМЕ БЕЗ ЕМОЦИИ И ЕУФОРИЈА, РЕЧЕ АХМЕТИ ПО НАЈАВАТА НА МИЦКОСКИ ЗА НОВО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВОЛидерот на ДУИ вели дека се во интензивен контакт со сите страни, со исклучок на тие кои ги негираат Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за доброседство, НАТО, ЕУ, Република Косово и албанскиот јазик. (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на ДУИ Али Ахмети рече дека е во контакт со САД, НАТО и ЕУ, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа најави дека има обезбедено ново парламентарно мнозинство за изгласување недоверба на Владата на Зоран Заев. Тоа значи дека по 20 години ДУИ за првпат нема да учествува во власта.

    „Состојбата што се создаде со оставката на премиерот ја менаџираме преку интензивен контакт со сите страни, со исклучок на тие кои ги негираат Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за доброседство, НАТО, ЕУ, Република Косово и албанскиот јазик. Исто така, за актуелните случувања во контакт и кординација сум со нашите стратешки партнери, САД, НАТО и ЕУ. Нема да постапуваме ниту со емоција, ниту со еуфорија“, објави Ахмети на својот фејсбук профил.

    Новото парламентарно мнозинство го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, Беса, Алтернатива, Алијанса за Албанците и Левица и, како што кажа Мицкоски, е доволно за да падне Владата на СДСМ со коалицијата и ДУИ, а за формирање нова Влада допрва ќе се разговара. Тоа го кажа и Африм Гаши од Алтернатива, откако партијата Беса со своите три пратеници најави дека преминува во опозиција. Но, Гаши рече и дека Алтернатива нема да биде дел од Влада што би сакала да отстапи од нашите стратешки ориентации НАТО и ЕУ.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира