ВО ЦЕЛОСТ ОДОБРЕНО ОБВИНЕНИЕТО ПРОТИВ БОКИ 13 И КАТИЦА ЈАНЕВА ЗА „РЕКЕТ“

    ВО ЦЕЛОСТ ОДОБРЕНО ОБВИНЕНИЕТО ПРОТИВ БОКИ 13 И КАТИЦА ЈАНЕВА ЗА „РЕКЕТ“Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд денеска ги отфрли приговорите на осомничените како неосновани и по ова решение согласно одредбите од Законот за кривична постапка (ЗКП), не се дозволува право на жалба. (Фото: СДК.МК)

    Во целост е одобрен обвинителниот акт за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан Јовановски-Боки 13, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски-Кичеец.

    Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд денеска ги отфрли приговорите на осомничените како неосновани и по ова решение согласно одредбите од Законот за кривична постапка (ЗКП), не се дозволува право на жалба.

    „Откако по одобрениот обвинителен акт ќе биде оформен кривичен предмет истиот согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а штом ќе биде закажан термин за одржување на јавна главна расправа, странките и јавноста ќе бидат известени“, велат од Кривичниот суд.

    Боки 13 и Зоки Кичеец беа уапсени на 15 јули и по распитот во Основниот кривичен суд Скопје им беше одредена мерка притвор од 30 дена. Двајцата се осомничени за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание, а Боки 13 е осомничен и за кривичното дело Перење пари.

    Поранешната специјалната обвинителка Катица Јанева се сомничи за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањата. Јанева е во притвор од 21 август.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира