ЗА 30 ОТСТО ПОВЕЌЕ ПАРИ ПОТРОШИЛЕ ОПШТИНИТЕ ЗА НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ ВО 2019 ВО СПОРЕДБА СО 2018 ГОДИНА

    ЗА 30 ОТСТО ПОВЕЌЕ ПАРИ ПОТРОШИЛЕ ОПШТИНИТЕ ЗА НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ ВО 2019 ВО СПОРЕДБА СО 2018 ГОДИНАВо 2019 година тендери за украсување спровеле 26 општини и Град Скопје, во вкупна вредност од околу 615 илјади евра. Во 2018 година улиците и плоштадите за Нова година ги красеа Град Скопје и 18 општини за вкупна вредност од 474 илјади евра.(Фото: Ѓ. Личовски)

    За 30 отсто повеќе пари се потрошени на новогодишното украсување на општините во 2019 година, во споредба со 2018. Ова го покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за јавните набавки на 27 општини.

    Во 2019 година тендери за украсување спровеле 26 општини и Град Скопје, во вкупна вредност од околу 615 илјади евра. Во 2018 година улиците и плоштадите за Нова година ги красеа Град Скопје и 18 општини за вкупна вредност од 474 илјади евра.

    „Дури 55 отсто од парите за новогодишно украсување се потрошија во Скопје и тоа од Град Скопје и од општините Карпош, Аеродром, Чаир, Гази Баба, Бутел и Шуто Оризари. Само Град Скопје потроши околу 260 илјади евра што е за 33 отсто повеќе од минатата година“, стои во истражувањето на Центарот за граѓанските комуникации.

    Во 2019 година тендери за украсување спровеле 26 општини и Град Скопје, во вкупна вредност од околу 615 илјади евра. Во 2018 година улиците и плоштадите за Нова година ги красеа Град Скопје и 18 општини за вкупна вредност од 474 илјади евра.-Графикон од вредноста на договорите од 2016 до 1019 година

    Најмногу пари за новогодишно украсување добила фирмата „Линк медиа плус“ која од Град Скопје доби 260.000 евра, а од  Општина Струмица 40.000 евра. Најголем број договори и тоа дури 11 во вкупна вредност од 185 илјада евра има фирмата „Метал-Вет-Ел“ од Скопје.

    Само три општини ги објавија огласите за јавни набавки за новогодишно украсување на крајот од октомври, сите останати општини тоа го сторија во ноември, а некои дури и во првите денови од декември.

    „Тендерите на општините Неготино, Шуто Оризари, Карпош и Радовиш крајните рокови за прибирање на понудите истекуваа во периодот од 10 до 20 декември 2018 година. Имајќи предвид дека по прибирање на понудите течат законските рокови за организирање на електронската аукција, за доставување на известувањата за донесената одлука, како и за мирување на постапката додека помине рокот за евентуално поднесување на жалби, останува нејасно како фирмите што победиле на тендерите успеале да ги украсат градовите пред Новата година“, се вели во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

    Најскап договор за новогодишно украсување има склучено Град Скопје од 260.000 евра, па Општина Струмица од 40 илјади евра. На трето место по големината на договорот е Општина Аеродром каде вредноста со пресметан ДДВ изнесува 31 илјада евра и носител на договорот е скопската фирма „Метал-Вет-Ел“. Истата фирма е носител и на четвртиот по големина договор за новогодишно украсување и тоа на Општина Охрид во вредност од 30 илјади евра. На петто место е договорот за украсување на Кавадарци, а носител на овој договор е скопската фирма Хонор ДОО во вредност од 24 илјади евра.

    А. АНТЕВСКА

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари