ЗА ДА ЈА ЗАДРЖИ ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ПЕНЗИЈА, ИВАНОВ МОРА ДА СЕ ПРОГЛАСИ ЗА ДЕЛОВНО НЕСПОСОБЕН

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:434:"НастапувањенатрајнаделовнанеспособностдајавршифункцијатапретседателможедапрогласисамоУставниотсуд,врзоснованаакти,наоди,експертскиистручнимислењанамедицинскиилидругиустановиилиорганивосогласностсозакон";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗА ДА ЈА ЗАДРЖИ ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ПЕНЗИЈА, ИВАНОВ МОРА ДА СЕ ПРОГЛАСИ ЗА ДЕЛОВНО НЕСПОСОБЕН

    На претседателот Ѓорге Иванов му е загрозена доживотната пензија што му следува со закон, ако Собранието изгласа импичмент и го отповика поради повреда на Уставот и злоупотреба на функцијата.

    „Кога ќе проработи Собранието, ќе се отворат многу други прашања“, изјави во петокот Али Ахмети, лидерот на ДУИ, по средбата со германскиот пратеник Јоханес Хајндл во врска со напорите што ги прави ДУИ за да се свика повторно Собранието, кое патем, се уште е во заседание.

    И лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов побара свикување итна седница на Собранието, за да се одложат изборите на петти јуни. Како втора точка на седницата, тој најави почнување на постапка за одговорност на претседателот Ѓорге Иванов поради злоупотреба на функцијата.

    Ако се соберат потписи од 63 пратеници, по што ќе мора да се свика Собранието, кога ќе се стави одговорноста на Иванов на дневен ред, покрај СДСМ, за неа ќе гласаат и пратениците од ДУИ, за која Иванов на последните претседателски избори е нелегитимно избран и која не го смета за претседател на државата, велат партиски извори за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Одлуката на Ѓорге Иванов за аболиција на 56 политичари и нивни соработници осомничени за тежок криминал меѓу кои се и експремиерот Никола Груевски,  министри од неговиот кабинет и нивни соработници, ја продлабочи политичката криза во Македонија. Илјадници луѓе низ цела Македонија протестираат и контрапротестираат секој ден цел месец.

    На Иванов, според она што го пишува во Законот за правата на претседателот на РМ, му преостанува само ако додека уште е претседател, биде прогласен за трајно деловно неспособен, зашто со импичмент или со кривична постапка против него, привилегиите за доживотна пензија ќе ги загуби.

    Настапување на трајна деловна неспособност да ја врши функцијата претседател може да прогласи само Уставниот суд, врз основа на акти, наоди, експертски и стручни мислења на медицински или други установи или органи во согласност со закон, што е предвидено со Деловникот на Уставниот суд .

    Уставниот суд може да расправа за одземање на имунитетот на претседателот, ако тоа од него го побара Собранието, со опис на повредата на Уставот и законот за кој пратениците сметаат дека претседателот ги прекршил.

    Законот е јасен и одредува само три случаи на доживотни привилегии за него и неговото семејство на државна сметка и тоа е кажано во член 2:

    1.Претседателот на Република Македонија стекнува права утврдени со овој закон по престанокот на мандатот за кој е избран.

    2.Претседателот на Република Македонија стекнува права утврдени со овој закон и поради трајна спреченост да ја извршува функцијата за времетраење на мандатот.

    1. Семејството на претседателот на Република Македонија стекнува права утврдени со овој закон во случај на смрт на претседателот.

    Потоа се наведува дека во првиот случај, при редовен престанок на мандатот, на дотогашниот претседател му следува право на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот на Република Македонија,  право на канцелариски простор и најмногу до три стручни лица што ќе си ги избере тој, како и право на користење на службено возило и возач согласно со прописите што ги донесува министерот за внатрешни работи.

    Ако Уставниот суд побрза и го прогласи за трајно деловно неспособен сега, додека е уште на функција, нема да има кабинет, ама ќе ја задржи пензијата.

    Од поранешните претседатели, само Бранко Црвенковски има доживотна претседателска пензија и кабинет. Семејството на загинатиот претседател Борис Трајковски, неговата сопруга Вилма и децата, користат поинакви привилегии, утврдени во случај на смрт на претседателот.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари