ЗАЕВ И МИЦКОСКИ ДОГОВОРИЈА ДЕБЛОКАДА НА СОБРАНИЕТО, ОДГЛАВЕН И ЗАКОНОТ ЗА НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

    ЗАЕВ И МИЦКОСКИ ДОГОВОРИЈА ДЕБЛОКАДА НА СОБРАНИЕТО, ОДГЛАВЕН И ЗАКОНОТ ЗА НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАРДеблокадата на Собранието се однесува и на блокираниот Закон за Клиничкиот центар, како и на сите реформски закони потребни во ЕУ. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Да се одблокираат законите за помош на стопанството и граѓаните, и да работат заедно во Собранието, се договориле лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев и лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба во Клубот на пратениците, на која е договорено и одложување на пописот за септември, а на локалните избори за втората половина на октомври.

    Деблокадата на Собранието се однесува и на блокираниот Закон за Клиничкиот центар, како и на сите реформски закони кои ѝ се потребни на Македонија во Европската унија.

    „Се договоривме уште утре да влезе Изборниот законик во процедура, за вметнување и отисок на прст при гласање. Ако има цензус, градоначалникот да се бира во првиот круг. Овие две беа барања на ВМРО-ДПМНЕ, како и тоа на дијаспората да ѝ се даде можност да гласа надвор од дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП), онаму каде што има можност “, кажа Заев.

    Мицкоски кажа, а и Заев потврди, дека разговарале и за промена на изборниот модел. Разговарале за мнозински изборен модел и за отворени листи, што ќе им даде поголема шанса на малите партии. Сепак, Заев кажа дека сите овие работи ќе ги презентира пред своите коалициони партнери.

    Мицкоски кажа дека опозицијата ќе биде конструктивна во Собранието, а Заев по него дополни дека компромисот е одлагање на Пописот, додавајќи дека кога се сака, може да се има договор.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира