ЗАЕВ И РАМА СЕ МНОГУ ХРАБРИ И ЌЕ ГИ ПОСЕТАМ, РЕЧЕ МАКРОН

    ЗАЕВ И РАМА СЕ МНОГУ ХРАБРИ И ЌЕ ГИ ПОСЕТАМ, РЕЧЕ МАКРОНВерувам дека отварањето преговори со Северна Македонија, а не и со Албанија ќе беше многу лошо за регионот, мислам дека тоа би било смртоносна политичка грешка, рече Макрон. (Фото: ЕУ)

    Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека во наредните месеци ќе дојде во Скопје и во Тирана. Тој на денешната прес-конференција по Самитот на ЕУ во Брисел рече дека верува оти дека отворањето преговори со Македонија, а не и со Албанија би било многу лошо за регионот, и дека тоа би било смртоносна политичка грешка. Укажа и дека неговото вето за Северна Македонија и Албанија не се должи на каприц, туку на различна визија за иднината на Европа.

    „Слушам како зборуваат дека имало речиси едногласност за датум за преговори за Северна Македонија и за Албанија. Тоа не е точно. Имаше мнозинство, и тоа големо мнозинство за Северна Македонија, но многу земји рекоа „не“ за Албанија. И јас верувам дека отворањето преговори со Северна Македонија а не и со Албанија ќе беше многу лошо за регионот. Мислам дека тоа би било смртоносна политичка грешка. Ќе сведочевме на политички, економски и социјални немири не само во Албанија, туку и во сите земји во кои живеат Албанци. Ќе имаше последици врз Косово, врз соседите. Многу ги почитувам напорите на Еди Рама и на Зоран Заев. Двајцата се многу храбри. Очекувам да ги посетам во наредниве месеци. Тие работат и ние ќе ја завршиме работата. Но, да не се лажеме. Нам ни треба напредок во нашите процеси, па дури тогаш ќе можеме да отпочнеме разговори и со нив, ама не како досега, како што е вообичаено, бидејќи тоа веќе нема смисла. И да не бидам погрешно разбран, во моментот кога праќаш зелено светло и ги отвораш преговорите, наредниот ден на Северна Македонија и доставуваш прашалник со листа од 60 прашања. Дали тоа ќе има влијание врз нивните граѓани? Не, ние мора да бидеме поефикасни и наместо прашалници, треба да им дадеме нешто што ќе влијае врз нивното подобро живеење, а не само да им дадеме датум за преговори. Така, Европа изгледа само како обезглавена“, рече Макрон.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира