РЕАЛ ВО БЕЛ, ЈУНАЈТЕД ВО ЦРВЕН АВТОБУС ЌЕ СЕ ВОЗИ НИЗ СКОПЈЕ, РОНАЛДО НЕ ДОАЃА

    РЕАЛ ВО БЕЛ, ЈУНАЈТЕД ВО ЦРВЕН АВТОБУС ЌЕ СЕ ВОЗИ НИЗ СКОПЈЕ, РОНАЛДО НЕ ДОАЃАОд вип делот на аеродромот „Александар Велики“, со брендирани автобуси на кои ќе стојат натписите УЕФА Супер куп, Скопје 2017 ќе се упатат кон хотелите во кои ќе бидат сместени

    Подготвени се автобусите со кои фудбалерите на Реал Мадрид и на Мачестер jунајтед ќе се возат низ Скопје. Играчите и стручниот штаб на двата фудбалски гиганти во Скопје ќе пристигнат утре, со сопствени авиони. Од вип делот на аеродромот „Александар Велики“, со брендирани автобуси на кои ќе стојат натписите УЕФА Супер куп, Скопје 2017 ќе се упатат кон хотелите во кои ќе бидат сместени. За Манчестер јунајтед е подготвен црвен автобус, а за Реал бел.

    Најголемата звезда во Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, нема да дојде Скопје, шпанскиот весник „Марка“ објави дека тој вчера првпат дошол на тренинг по одморот, но уште не е во иста физичка форма како неговите соиграчи (Фото: Марка)

    Играчите и стручниот штаб на Реал Мадрид ќе бидат сместени во хотелот „Александар палас“, додека за екипата на Мaнчестер јунајтед е резервиран хотелот „ТЦЦ Плаза“. Попладнето двата тима ќе одржат тренинг на арената „Филип Втори“.

    Најголемата звезда во Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, нема да дојде Скопје. Шпанскиот весник „Марка“ објави дека Роналдо вчера првпат дошол на тренинг по одморот, но уште не е во иста физичка форма како неговите соиграчи и дека ќе му се приклучи на тимот пред старот на сезоната во шпанската лига, а дотогаш ќе работи самостојно. Останатите играчи, како што вели „Марка“, транираат нормално, надевајќи се дека ќе го убедат тренерот Зинедин Зидан да бидат во првата постава против тимот на Жозе Мурињо во Скопје.

    Министерството за внатрешни работи соопшти дека поради одигрувањето на суперкупот на УЕФА од утре (07.08.) ќе биде воведен посебен сообраќаен и пешачки режим за сообраќајниците во непосредна близина на стадионот.

    Од утре во 08,00 часот па сè до завршување на натпреварот, односно до 09.08., на потегот од крстосниците на улиците Аминта Трети (поранешна Ленинова) и Јордан Хаџи Константинов-Џинот ќе се пропуштаат исклучиво лица и возила кои имаат соодветна акредитација од организаторот на мечот- УЕФА. Исто така, на денот на натпреварот, во зависност од интензитетот на сообраќајот, не е исклучена можноста од затворање за сообраќај и на булеварот Илинден на потегот од објектот на Владата до крстосницата со улицата Рузвелтова.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира