БРЕГЗИТ Е ОДЛИЧЕН, ЕУ ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ, ВЕЛИ ТРАМП

a:1:{s:9:"td_source";s:14:"САД,(АП)

    БРЕГЗИТ Е ОДЛИЧЕН, ЕУ ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ, ВЕЛИ ТРАМП

    Неколку дена пред неговата инаугурација, новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп изјави дека одлуката на Британија да излезе од Европската унија ќе заврши како „одлична работа“ и предвиде дека блокот ќе продолжи да се распаѓа. Во интервју за британскиот „Сандеј тајмс“ и за германски „Билд“, Трамп рече дека европските земји реагираат на напливот на имигранти кои му се закануваат на идентитетот на секоја нација.

    „Народот, земјите сакаат свој идентитет и Велика Британија сака свој идентитет. Верувам дека и другите ќе излезат. Мислам дека да се одржи заедницата нема да биде толку лесно како што мислат многумина. И го мислам следново: ако бегалците продолжат да доаѓаат во различни делови од Европа… мислам дека ќе биде многу тешко да се одржи цела, оти луѓето се лути поради тоа“, рече Трамп.

    Трамп навести дека е индиферентен за тоа дали ЕУ ќе остане цела или не, што е сосем спротивно од ставот на администрацијата на Обама, што лани ја охрабруваше Велика Британија да остане во ЕУ.

    Трамп во интервјуто не заборуваше за Русија. Неговите пофалби на рускиот претседател Владимир Путин наидоа на критики по извештаите дека Русија се вмешала во изборите во САД за да му помогне да победи.

    Трамп ја критикуваше имиграционата политика на германската канцеларка Ангела Меркел. Иако рече дека има „огромна почит“ за Меркел, Трамп рече дека таа направила „катастрофална грешка“ со тоа што го примила бранот бегалци во земјата. Тој имплицираше дека декемврискиот напад на божикниот панаѓур во Берлин што го изведе Тунизиец е еден oд ефектите на политиките на Меркел.

    Трамп исто така нападна и уште еден западен сојузник во интервјуто. Тој ја нарече НАТО „застарена зашто не води сметка за тероризмот“ и рече дека земјите членки не го плаќаат својот „фер удел“.

    „Многу од овие земји не плаќаат толку колку што би требало, и мислам дека тоа е многу нефер кон САД. Но и покрај тоа, НАТО ми е многу важна“, рече Трамп.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира