ЕДЕН МРТОВ, 18 ПОВРЕДЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА ФАБРИКА ЗА ГАС ВО АВСТРИЈА

    ЕДЕН МРТОВ, 18 ПОВРЕДЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА ФАБРИКА ЗА ГАС ВО АВСТРИЈАИспораката на гас кон Германија, Австрија и Франција не е загрозена, но можни се проблеми со јужниот цевковод, од каде со гас се снабдуваат Италија, Словенија и Хрватска (Фото: ДПА)

    Едно лице загина, а 18 се повредени во експлозија и пожар во Австрија на еден од најголемите европски гасоводи, соопшти портпаролот на Црвениот крст.

    Петмина се здобиле со сериозни изгореници, кажа портпаролот на противпожарната бригада. Експлозијата се случила во 8.45 часот во Баумгартен, град близу словачката граница, од каде што гасот од Источна Европа влегува во Австрија. Експлозијата предизвикала пожар, кој бил ставен под контрола по неколку часа.

    Полицијата ја информираше јавноста преку твитер да ја избегнуваат областа и дека 240 пожарникари се обидуваат да го стават под контрола пожарот.

    Од центарот во Баумгартен гас се пренесува од исток кон западна, јужна и југоисточна Европа.

    Иако резервите гас наменети за Австрија, Германија и Франција не се загрозени од експлозијата, можно е да има проблеми во испораката на гас кон југ, кажа портпаролот на „Гас конект Австрија“, која управува со фабриката.

    Јужниот цевковод за гас од Баумгартен со гас ги снабдува Италија, Словенија и Хрватска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира