ЕДЕН МРТОВ И НАД 60 ПОВРЕДЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА АВТОПАТОТ ВО БЛИЗИНА НА АЕРОДРОМОТ ВО БОЛОЊА

    ЕДЕН МРТОВ И НАД 60 ПОВРЕДЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА АВТОПАТОТ ВО БЛИЗИНА НА АЕРОДРОМОТ ВО БОЛОЊАСе урна дел од мостот на автопатот 14 во близина на аеродромот во Болоња по сообраќајната несреќа и експлозија (Фото: АНСА)

    Најмалку едно лице загина во сообраќајна несреќа и експлозија на автопатот во близина на аеродромот во Болоња во северна Италија, а дел од мостот на автопатот се урна, јави новинската агенција АНСА.

    „Над 60 луѓе се повредени, некои сериозно“, напиша заменик премиерот Луиџи ди Мајо на Твитер.

    Видеоснимката што ја објави полицијата покажува цистерна, која се движи на крајот од сообраќајниот метеж, а веднаш потоа избувнува пожар.

    Огнот зафатил и поголем дел од возилата, а некои од нив исто така експлодирале (Фото: АНСА)

    Откако луѓето се евакуирани од автопатот, од снимката се гледа силна експлозија, а огнот зафаќа и дел од возилата, а некои од нив исто така експлодирале.

    Засега не е утврдена причината за експлизијата на автопатот 14, велат локалните власти.

    Аеродромските власти твитнаа дека експлозијата и сообраќајната несреќа немале ефект на работата на аеродромот.

    Повеќето улици во близина на пожарот се блокирани, а напорите да се изгасне огнот биле комплицирани поради екстремната жештина во областа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира