СРБИЈА САКА НОРМАЛНИ ОДНОСИ СО КОСОВО, НО НЕМА ДА ПОТПИШЕ НИКАКОВ ДОГОВОР, РЕЧЕ ВУЧИЌ

    СРБИЈА САКА НОРМАЛНИ ОДНОСИ СО КОСОВО, НО НЕМА ДА ПОТПИШЕ НИКАКОВ ДОГОВОР, РЕЧЕ ВУЧИЌЛајчак, Борел и Вуќич на билатералнат средба за прегоорите со Косово во Охрид. (Фото: Фејсбук)

    Србија сака нормални односи со Косово, но сепак нема да потпише никаков договор, изјави денеска претседателот Александар Вучиќ, еден ден откако усно се согласи да го спроведе планот за нормализација на односите поддржан од Западот. Србија сака да се приклучи на Европската унија, а услов за членство е да ги нормализира односите со Косово. Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти вчера на преговорите со претставници на ЕУ во Охрид се согласија да ги спроведат чекорите за нормализација, иако не беше потпишан документ и ЕУ рече дека сака да оди понатаму.

    „Србија сака да има нормални односи со Косово. Ние сакаме да патуваме, сакаме да работиме, не можете да живеете изолирано зад ѕидови од 100 метри“, рече Вучиќ. „Не сакав синоќа да го потпишам договорот за имплементирачкиот анекс, ниту договорот поддржан од ЕУ (во Брисел минатиот месец). Не сакам да потпишам никакви меѓународни правно обврзувачки документи со Косово, бидејќи Србија не ја признава нејзината независност“, рече Вучиќ.

    Доцна синоќа, Курти во Охрид рече дека договорот претставува „де факто признавање“.

    Според нивниот вербален договор, Косово се обврза да им даде поголема автономија на областите со српско мнозинство, додека Србија се согласи да не го блокира членството на Косово во меѓународните организации. ЕУ вети дека ќе организира донаторска конференција за двете земји, при што исплатата на финансиската помош зависи од чекорите за подобрување на врските. Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, синоќа 12-часовниот состанок рече дека постигнатиот договор не е според „поамбициозниот и детален“ предлог на ЕУ за кој страните не можеа да се договорат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира