Во Црна Гора се уапсени 20 Срби осомничени дека планирале вооружени напади по завршувањето на денешното гласање на парламентарните избори. Директорот на националната полиција Славко Стојановиќ изјави дека апсењето било извршено доцна синоќа, а уапсените доаѓаат од соседна Србија.
Тој изјави дека групата планирала со автоматско оружје да нападне државни институции, полицијата, а можеби и државни функционери. Еден Србин е во бекство. Уапсените се обвинети за „создавање криминална организација и за тероризам“, изјави Стојановиќ.
Денеска во Црна Гора се одржуваат парламентарни избори, на кои се гледа како на избор меѓу Русија и Западот. Според анкетите, ова е најтесна трка од прогласувањето на независноста од Србија до сега, а се стравува дека ќе има насилен конфликт меѓу опозицијата и оние кои ја поддржуваат владата на Мило Ѓукановиќ откако ќе се објават изборните резултати.