ВРХОВНИОТ СУД ЈА ВРАТИ ЗАБРАНАТА ЗА ВЛЕЗ ВО САД НА ГРАЃАНИ ОД 6 МУСЛИМАНСКИ ЗЕМЈИ

    ВРХОВНИОТ СУД ЈА ВРАТИ ЗАБРАНАТА ЗА ВЛЕЗ ВО САД НА ГРАЃАНИ ОД 6 МУСЛИМАНСКИ ЗЕМЈИОд протестите против забраната на Трамп во Вашингтон во март (Фото: АП)

    Врховниот суд ѝ дозволи на администрацијата на Трамп во голема мерка да ја спроведе 90-дневната забрана за влез во САД на патници од шест претежно муслимански земји, со што се поништија наредбите од понискиот суд што ја блокираа забраната. Денешната одлука на Врховниот суд е е победа за претседателот Доналд Трамп во најголемата правна контроверза на неговото кусо претседателство.

    Судот оставил заштитена една категорија странци, оние „со веродостојно барање за реален однос со лице или ентитет во САД”, рече судот во непотпишано мислење. Судиите ќе слушнат аргументи за случајот во октомври.

    Трамп минатата недела рече дека забраната ќе стапи на сила 72 часа откако ќе има дозвола од судот.

    Забраната ќе важи за граѓаните на Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен.

    Администрацијата на Трамп изјави дека забраната е потребна за да се овозможи внатрешно преиспитување на постапките за скрининг на апликантите за виза од тие земји. Таа ревизија треба да биде завршена пред 2 октомври, првиот ден кога судиите ќе можат да ги слушнат аргументите.

    .

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари