РЕДОВНО МИЕЊЕ РАЦЕ И КАШЛАЊЕ ВО ПОДЛАКТИЦА, А НЕ ВО ДЛАНКА, ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНАВИРУСОТ

    РЕДОВНО МИЕЊЕ РАЦЕ И КАШЛАЊЕ ВО ПОДЛАКТИЦА, А НЕ ВО ДЛАНКА, ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНАВИРУСОТВо Македонија досега нема заболени од коронавирусот. (Фото: АП)

    Министерството за здравство објави листа на препораки за превенција на граѓаните од коронавирусот. До сега во Македонија нема регистриран случај на заболен од коронавирусот. Еден македонски државјанин е заболен на бродот кој се наоѓа на пристаниште во Јапонија, но според информациите од Министерството, тој е во добра и стабилна состојба.

    Препораки:

    • Да се воведе дополнителна заштита на храната – да не се јаде храна направена од болни животни.
    • Да се воведе дополнителна заштита при подготовка на храната – да се користат различни садови и ножеви за подготовка и сечкање на сирова и да се мијат задолжително рацете после секоја подготовка на храна. При подготовка на месо и јајца истите убаво термички да се обработат.
    • Да се воведе посебна заштита при работа на отворени пазари – задолжително носење заштитни опрема, ракавици, маски и мантили додека се извршуваат работи со животни или производи од животинско потекло, по употребата целата опрема да се извади и да се пере секојдневно. Да се внимава да се заштити семејството од неиспрана работна опрема.
    • Да се штити населението од настинки – да се избегнува незаштитен контакт со болни (вклучувајќи и допир на уста, нос и очи), како и незаштитен контакт со домашни или диви животни.
    • Задолжително и често миење на раце – и кога не се видливо нечисти да се мијат рацете со сапун и вода или да се користи чистач за раце кој содржи алкохол.
    • Заштита на останатите од заболување – при кашлање или кивање да се заштити устата и носот со марамче или да се кашла/кива во подлактица, а не во дланка. По употреба, марамчињата да се фрлаат во затворени  канти. При кашлање или кивање, како и при грижа за болни задолжително да се мијат рацете.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира