Тројца позитивни на ковид-19 меѓу кои и пациентка на 35-годишна возраст починаа од компликации на вирусот во изминативе 24 часа. Починатата 35-годишна е од Бузалково, Велес, без коморбидитети, а почина на Инфективна клиника. Останатите двајца починати се од Скопје на 69-годишна возраст и од Македонски Брод на 77 години.
Од направени 912 тестирања, регистрирани се 103 нови случаи на ковид-19 и тоа :
-Скопје 13
-Куманово 26
-Штип 5
-Прилеп 7
-Тетово 3
-Охрид 2
-Кавадарци 6
-Гостивар 15
-Гевгелија 2
-Струмица 1
-Крива Паланка 2
-Демир Хисар 7
-Берово 1
-Виница 5
-Делчево 2
-Свети Николе 3
-Кичево 2
-Неготино 1
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 187 оздравени пациенти.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациент, нема на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 18 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 7 деца позитивни на вирусот, и еден пациент суспектен на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 83 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Досега, во земјата се направени вкупно 127.196 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 12. 840, од кои оздравени се 9.361, починати 547, а во моментов активни се 2.932.