ШЕСТ ПОЧИНАТИ, 131 ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19 ОД 1.207 ТЕСТИРАЊА, ВО ЗЕМЈАВА ДОСЕГА 14.293 СЛУЧАИ

    ШЕСТ ПОЧИНАТИ, 131 ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19 ОД 1.207 ТЕСТИРАЊА, ВО ЗЕМЈАВА ДОСЕГА 14.293 СЛУЧАИВкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 14.293, од кои оздравени се 11.014, починати 596, а во моментов активни 2.683. (Фото: СДК.МК)

    Шест лица починаа, а регистрирани се 131 нови случаи на ковид 19 од 1.297 тестирање во последниве 24 часа. Починати се пациент од Охрид (56), двајца пациенти од Скопје (63 и 80), двајца од Прилеп (78 и 54) и еден пациент од Штип (82).

    Нови случаи на ковид-19 се во: Скопје-34, Куманово-20, Штип-5, Прилеп-8, Струга-3, Велес-1, Битола-2, Охрид-4, Кавадарци-2, Гостивар-12, Гевгелија-4, Струмица-2, Радовиш-1, Кочани-3, Македонски Брод-1, Берово-6, Валандово-1, Виница-6, Делчево-10,Кратово-1, Свети Николе-5.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 81 оздравен пациент од: Скопје-27, Дебар-1, Штип-10, Тетово-11, Струга-5, Битола-1, Гостивар-9, Струмица-5, Радовиш-1, Кочани-1, Виница-4, Делчево-3, Кичево-3.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примен е 1 пациент. Вкупно се хоспитализирани 73 пациенти. На кислородна поддршка се 45, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 позитивни деца, 4 мајки и 4 деца суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 40 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 10, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 111, позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Вкупнатаковид дијагностицирани вo земјава од почетокот на епидемијата се 14.293, од кои оздравени се 11.014, починати 596, а во моментов активни 2.683. Денеска се евидентира еден контролен тест од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 5.895, активни 856
    • Куманово 1.468, активни 377
    • Дебар 252, активни 84
    • Штип 1.134, активни 169
    • Прилеп 455, активни 107
    • Тетово 1.208, активни 164
    • Струга 560, активни 59
    • Велес 270, активни 31
    • Битола 203, активни 40
    • Охрид 337, активни 34
    • Кавадарци 182, активни 80
    • Гостивар 779, активни 233
    • Гевгелија 49, активни 28 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
    • Струмица 65, активни 21
    • Крива Паланка 46, активни 17
    • Радовиш 42, активни 6
    • Крушево 16, активни 0
    • Кочани 143, активни 29
    • Пробиштип 80, активни 15
    • Демир Хисар 60, активни 16
    • Македонски Брод 71, активни 18
    • Пехчево 18, активни 12
    • Берово 57, активни 48
    • Валандово 9, активни 2
    • Виница 70, активни 38
    • Делчево 59, активни 50 (11 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 18, активни 3
    • Свети Николе 287, активни 63
    • Кичево 269, активни 70
    • Ресен 146, активни 0
    • Неготино 45, активни 13 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.297 теста се преку: ИЈЗ- 654, ЦЈЗ Скопје-6, Авицена-162, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-195, Систина со PCR метода -160, лабораторија Лаор –70, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-35, Инфективна клиника-7, ГАК-8, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 147.002 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
    • Чаир – 110
    • Гази Баба – 103
    • Аеродром – 108
    • Карпош – 88
    • Центар – 80
    • Кисела Вода – 100
    • Ѓорче Петров – 55
    • Бутел – 66
    • Шуто Оризари – 32
    • Студеничани – 25
    • Сарај – 25
    • Арачиново – 15
    • Илинден – 13
    • Сопиште – 7
    • Чучер Сандево – 4
    • Петровец – 10
    • Зелениково – 3
    • Странец – 10
    • Нераспределен – 2

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира