ОД ДЕНЕС ВЛЕЗ ВО ЦРНА ГОРА БЕЗ ПЦР ТЕСТ, ВО СРБИЈА ОД ЧЕТВРТОК, ГРЧКАТА ГРАНИЦА УШТЕ ЗАТВОРЕНА ЗА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ

    ОД ДЕНЕС ВЛЕЗ ВО ЦРНА ГОРА БЕЗ ПЦР ТЕСТ, ВО СРБИЈА ОД ЧЕТВРТОК, ГРЧКАТА ГРАНИЦА УШТЕ ЗАТВОРЕНА ЗА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИЗа влез во Македонија на странските државјани не им е потребен ПЦР тест. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Од денеска македонските државјани повторно ќе можат да влезат во Црна Гора без да приложат ПЦР тест, а од четврток и во Србија. Премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук профил утрово напиша дека имал телефонски разговор со српската премиерка Ана Брнабиќ во кој било договорено од четврток, 14 јануари да се укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји.

    Денеска министерката за здравство на Црна Гора Јелена Боровиниќ-Бојовиќ информираше дека била донесена одлука влезот во Црна Гора да биде без задолжително тестирање на коронавирус.

    Досега македонските државјани без ПЦР тест можеа да влезат само во Албанија и Косово. Од соседните држави влезот во Бугарија е дозволен со ПЦР тест, а грчката граница за македонските граѓани е затворена од почетокот на пандемијата на ковид-19.

    Од 28 декември и Турција воведе негативен ПЦР тест не постар од 72 часа за сите странски државјани кои ќе влезат во земјата, додека за транзит тест не е потребен.

    За влез во Македонија на странските државјани не им е потребен ПЦР тест. Владата на 6 октомври лани донесе одлука државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина да влегуваат во земјава без да приложат негативен тест.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира