ВО КАВАДАРЦИ, ПРИЛЕП И ОХРИД ПОЛОВИНА ОД НОВИТЕ СЛУЧАИ СЕ ЗАРАЗЕНИ СО БРИТАНСКИОТ СОЈ, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ

    ВО КАВАДАРЦИ, ПРИЛЕП И ОХРИД ПОЛОВИНА ОД НОВИТЕ СЛУЧАИ СЕ ЗАРАЗЕНИ СО БРИТАНСКИОТ СОЈ, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕНа ниво на држава, имаме благо зголемување и затоа не се потребни дополнителни рестриктивни мерки, вели Филипче. (Фото: СДК.МК)

    Зголем е бројот на заразени со британскиот сој на вирусот во Кавадарци, Прилеп и Охрид. Како што кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче, од 20 отсто бројот на случаи со британскиот сој последниве неколку дена е зголемена на 50 отсто од вкупниот број случаи.

    „Во Охрид и Прилеп имаме лесно зголемување, додека во болницата во Кавадарци е нешто позначајно, состојбата е како во месец ноември. На ниво на држава, имаме благо зголемување. Ставот и мислењето е дека засега не се потребни дополнителни рестриктивни мерки. Во Кавадарци новите случаи се поврзуваат со некои настани и собири, каде превентивните мерки не се почитувале“, додаде Филипче.

    Вчера Прилеп и Кавадарци беа на врвoт на листата на нови случаи на ковид-19 веднаш по Скопје. Во Прилеп беа регистрирани 62, а во Кавадарци 32 случаи.

    Одговарајќи на новинарско прашање, министерот Филипче најави дека здравствените работници наскоро ќе можат да користат слободни денови и одмор, што досега не можеа. Кажа дека до претпладнево биле вакцинирани 760 здравствени работници и кај ниту еден не се јавила реакција.

    П. ПЕЧКОВ 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира