ПОРАДИ КОВИД-19 САМО 1.000 ГРАЃАНИ ЌЕ ПРИСУСТВУВААТ НА ПРОСЛАВАТА ЗА 30 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОТ ПРЕД СОБРАНИЕТО

    ПОРАДИ КОВИД-19 САМО 1.000 ГРАЃАНИ ЌЕ ПРИСУСТВУВААТ НА ПРОСЛАВАТА ЗА 30 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОТ ПРЕД СОБРАНИЕТОАрхивска фотографија од прославата на Плоштадот Македонија по прогласувањето на независноста на државата на 8 септември 1991.

    Прославата на јубилејот 30 години независност на државата во среда, 8 септември, ќе се одржи пред Собранието. На прославата, поради пандемијата на ковид-19 и мерките донесени од Владата, ќе присуствуваат органичен број граѓани, кои ќе добијат билет за влез. Како што брифираа денеска од Владата, на настанот сите присутни ќе треба да имаат сертификат за вакцинација или прележан ковид-19 и ќе седат на столчиња кои ќе бидат поставени на одалеченост од 1,5 метар.

    Покрај државниот врв и високите гости, на прославата ќе може да присуствуваат од 800 до 1.000 граѓани, кои ќе треба да се пријават за да добијат билет со број на седиште.

    „Пријавувањето ќе биде преку платформата е-билет, односно исто како што беше организирано присуството на граѓани при посетата на Папата на Скопје. Поради пандемијата, мораме да го ограничиме бројот на присутни затоа што најважно е колективното здравје“, велат од Владата.

    Прославата по повод 30 години независнот на државата ќе почне во 17.30 часот, со дело на Живоин Глишиќ создадено специјално за настанот. Потоа ќе следи дефиле на националните ансамбли, како и на сите професии кои се грижат за граѓаните и безбедноста на државата, односно на рудари, земјоделци, пожарникари, волонтери од Црвен крст, здравствени работници, полицајци и припадници на Армијата.

    Обраќања ќе имаат претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери. Потоа ќе следи музичка програма, на која ќе настапат домашни пејачи и групи. Од Владата кажаа дека странски гости нема да им во музичкиот дел, а имињата на домашните пејачи ќе бидат изненадување.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира