СО 47 ГОДИНИ СТАР КАМИОН „ФАП 13“ СЕ ГАСАТ ПОЖАРИТЕ ВО КАВАДАРЦИ, АНГЕЛОВ ВЕЛИ ВОЗИЛОТО Е ИСПРАВНО И ДОБРО ОДРЖУВАНО

    СО 47 ГОДИНИ СТАР КАМИОН „ФАП 13“ СЕ ГАСАТ ПОЖАРИТЕ ВО КАВАДАРЦИ, АНГЕЛОВ ВЕЛИ ВОЗИЛОТО Е ИСПРАВНО И ДОБРО ОДРЖУВАНОПросечната старост на противпожарните возила во земјава е 27 години и само 15 отсто од противпожарните возила се произведени во последните 10 години. (Фото: ЦУК)

    Со камион „ФАП 13“ од 1976 година се гасат пожарите во Кавадарци и околината. Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска заедно со градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев ја посетија Територијалната противпожарна единица Кавадарци, при што ги разгледаа противпожарните возила.

    Возилото старо 47 години е исправно и добро одржувано. Со него 30-те кавадаречки пожарникари гасат пожари не само во Кавадарци туку и во останатите градови каде има потреба“, рече Ангелов, кој заедно со пожарникарите се возеше со најстарото возило на кавадаречката Пожарна.

    Просечната старост на противпожарните возила во земјава е 27 години и само 15 отсто од противпожарните возила се произведени во последните 10 години. Истражувањето и базата на податоци за бројот на пожарникари и противпожарни возила во земјава на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) покажа дека 34-те противпожарни единици во Македонија вкупно располагаат со 284 возила, од кои што половина се постари од 30 години, а најстарото е од 1966 година.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира