СЛОВЕНЦИТЕ СЕ ПОДЕЛЕНИ ОКОЛУ МЕЛАНИЈА ТРАМП, ЕДНИ ЈА СAКААТ, ДРУГИ ЈА ОСУДУВААТ ЗАШТО НЕ ОДИ ВО РОДНИОТ ГРАД СЕВНИЦА

    СЛОВЕНЦИТЕ СЕ ПОДЕЛЕНИ ОКОЛУ МЕЛАНИЈА ТРАМП, ЕДНИ ЈА СAКААТ, ДРУГИ ЈА ОСУДУВААТ ЗАШТО НЕ ОДИ ВО РОДНИОТ ГРАД СЕВНИЦАИ Меланија и нејзиниот син Барон зборуваат словенечки и имаат државјанство на Европската Унија. (Фото: Гети)

    Тоа е приказна позната низ целиот свет: како девојче од село од комунистичка земја станала прва дама на САД. Но, според локалните жители, голем дел од раниот живот на Меланија Трамп, особено нејзиното потекло и историјата на малата Словенија, е погрешно раскажан за американската публика.

    „Погрешното карактеризирање на нашиот народ нѐ налути во Словенија. Квалитетот на животот и нивото на развој на нашата земја не беа вистински претставени“, изјави за „Политико“ Сречко Оцвирк, градоначалникот на родниот град на Меланија Трамп, Севница.

    Оцвирк се сеќава како пред една деценија филмски екипи и репортери од целиот свет дојдоа во Севница, сместена меѓу бујни шуми и планини покрај реката Сава, желни да откријат сочни приказни за детството на жената некогаш позната како Меланија Кнавс. Во нејзината неодамна објавена автобиографија, таа оспорува приказни кои се објавени во Америка.

    Откако Доналд Трамп положи заклетва за вториот мандат, првичната шокантна вест дека првата дама зборува англиски јазик со акцент овојпат се чини малку истрошена.

    Родениот град на Меланија Трамп, Севница (Фото: Гети)

    „Иако некои ѝ се лутат, жителите на Севница се радуваат за првата дама на САД. Го гледаме враќањето на Меланија во Белата куќа со задоволство и гордост, пред сѐ, оние кои го познаваат семејството Кнавс и се нивни пријатели“, рече градоначалникот на Севица.

    Словенечкиот филмски режисер Јуриј Груден, исто така, го почувствува „ефектот на Меланија“ кога реши да го направи првиот документарец за првата дама. Тој признава дека не бил особено заинтересиран за нејзиниот живот сѐ додека неговите странски колеги не му укажале оти ова е момент кој се случува еднаш во животот за неговата родна земја, момент кој вреди да се документира. И Груден и Оцвирк истакнаа дека нивниот интерес или поддршка за Меланија Трамп не значи одобрување на политиките на нејзиниот сопруг.

    „Реакциите за Меланија сѐ уште се измешани. Некои во Словенија не ја сакаат затоа што се чини дека едвај покажува интерес за својата родна земја и не ја посетила многу години. Ова ја прави нетипична Словенка“, кажа Груден.

    И Меланија и нејзиниот син Барон зборуваат словенечки и имаат државјанство на Европската Унија. Таа е и првата американска прва дама која е државјанка на ЕУ.

    „Возбуден сум што се врати. Можеби не е лесно за луѓето во САД, но за нас кои гледаме од страна, ќе биде забавно да се следи“, рече Груден низ смеа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира