Германската министерка за животна средина Барбара Хендрикс кажа дека договорот од Париз за борба против климатските промени е неповратен, откако преговарачите се собраа да дискутираат за тоа како да го имплементираат. Двонеделниот состанок, што почна денес, е прва поголема конференција за климатските промени, откако американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека САД ќе се повлечат од парискиот договор, доколку неговата администрација не обезбеди подобар договор. Другите нации ветија дека ќе продолжат кон исполнување на договорот.
Германската министерка за животна средина Барбара Хендрикс им кажа на преговарачите: „Ние тука мора да направиме значаен прогрес во имплементација на договорот од Париз“.
Таа додаде: „Договорот од Париз е неповратен. Ние мора да направиме се што е во наша моќ да го имплементираме и не ни останува уште многу време“.
Агенцијата за време и клима на Обединетите нации вели дека 2017 година стана најтоплата година според податоците, освен оние погодени од феноменот Ел Нињо.
Светската метеоролошка организација (ВМО) вели дека оваа година е на пат да биде една од трите најтопли години на сите времиња, по 2015 и 2016. Тие беа погодени од моќниот ел Нињо, кој придонесе за повисоки температури. Минатата година беше поставен нов рекорд на просечната глобална температура. Предупредувањето дојде на стартот на последната конференција за климатски промени на Обединетите нации, која денес почна во германскиот град Бон.
ВМО вели главните индикатори за климатски промени, како што се зголеменото количество јаглерод диоксид во атмосферата, подигање на морското ниво и загадувањето на океаните продолжува со несмалено темпо и оваа година. Според ВМО глобалната средна температура од јануари до септември годинава е за половина целзиусов степен повисока отколку со просекот од 1981 до 2010 година.
Премиерот на Фиџи им кажа на преговарачите за климата дека потребата од итност е очигледна, откако дипломатите ги отворија разговорите за имплементација на договорот од париз а борба против климатските промени. Премиерот Вореке “Френк” Баинимарама, кој претседава со двонеделниот состанок во Бон, испрати честитки од еден од најпогодените региони во светот од климатските промени.
„Нациите треба да го поддржат нашите обврски во целост, а не да ги отфрлаат“, рече Баинимарама.
Тој не се обрати директно на претседателот Трамп, по неговата најава дека САД ќе се повлечат од договорот во Париз, но кажа „единствен пат за секоја нација е да се стави прво себе, а потоа да ги здружи силите со другите нации, за да одат напред заедно“.
Групите за заштита на животната средина протестираа во Бон, каде во близина има рудник за јаглен, непосредно пред состанокот, за да потсетат дека Германија продолжува да користи високо загадувачки фосилни горива.
Преговарачите на овој состанок ќе се фокусираат на техничките детали за спроведување на договорот од Париз во 2015 година, со кој треба да се ограничи глобалното затоплување за 1,5 целзиусови степени.
Додека претседателот Трамп изрази скептицизам, неодамна владата на САД даде извештај во кој заклучува дека им цврсти докази дека човечкиот фактор е главен за климатските проемни.