ДЕНЕС ПРОТЕСТ, УТРЕ БЛОКАДИ НА МОСТОВИ, ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА НЕ ДОЗВОЛУВА КРИМИНАЛЦИТЕ ДА ОСТАНАТ НЕКАЗНЕТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДЕНЕС ПРОТЕСТ, УТРЕ БЛОКАДИ НА МОСТОВИ, ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА НЕ ДОЗВОЛУВА КРИМИНАЛЦИТЕ ДА ОСТАНАТ НЕКАЗНЕТИ

    Денес протест, а утре блокада на Скопје најавува Шарената револуција чии активисти ги засилуваат активностите во очекување на 18 јуни, рок кој го дадоа на власта за исполнување на двете клучни барања. Тие бараат Уставен суд итно да се изјасни за уставноста на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и запирање на прогонот на демонстрантите со ослободување на сите приведени кои учествуваа во протестите од 12 април наваму.

    Протестот ќе почне вечерва во 18 часот, традиционално, пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Во четврток, точно напладне, пак, шарените ќе блокираат мостови. Непроодни ќе бидат мостот Гоце Делчев, мостот Слобода кај МНР и мостот Мајка Тереза, кај МАНУ.

    „Уставен суд се уште не постапува по нашето барање за заштита на правдата. Прашуваме, планира ли овој суд, оформен во име на граѓаните и платен со пари на граѓаните да се произнесе за Специјалното јавно обвинителство? Или планира да го укине? Додека обројуваме за одговор на ова прашање, прогонот врз демонстрантите се уште трае. Наместо повлекување на пријавите, добиваме информации за нови прекршочни и кривични. Граѓани и граѓанки, СЈО се уште е под закана! Демонстрантите се уште се под закана! Затоа, ајде уште еднаш заедно да им ја покажеме нашата бескомпромисност!“, напиша на Фејсбук Шарената револуција. Шарените се категорични во ставот дека нема да дозволат криминалците да останат неказнети, а демонстрантите да бидат под прогон.

    „Конечно, после најновата вест за напуштањето на бродот кој тоне од страна на Ставрески, потсетуваме дека не побаравме оставка на еден министер, туку оставка од цела актуелна влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и формирање на преодна влада која докрај ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори. Приклучете се, продолжуваме до слобода!“, порачуваат шарените.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира