СПЕЦИЈАЛНИОТ ОБВИНИТЕЛ НА САД МИЛЕР ДАДЕ ОСТАВКА, РЕЧЕ ДЕКА ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ТРАМП ЗА РУСИЈА НЕ БИЛО ОПЦИЈА

    СПЕЦИЈАЛНИОТ ОБВИНИТЕЛ НА САД МИЛЕР ДАДЕ ОСТАВКА, РЕЧЕ ДЕКА ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ТРАМП ЗА РУСИЈА НЕ БИЛО ОПЦИЈАРоберт Милер кажа дека според насоките дадени од Министерството за правда, покренување обвиниение против претседателот Трамп не било опција. (Фото: АП)

    Специјалниот обвинител на САД Роберт Милер даде оставка од Министерството за правда, кршејќи го двегодишниот молк за неговата истрага за врските меѓу Русија и престедателската кампања на Доналд Трамп. Милер рече дека дава оставка откако го завршил извештајот и ќе се врати во јавниот живот.

    Toј ги потврди наодите од неговата истрага за Русија, во првиот коментар по почнувањето на истрагата во 2017. Тој кажа дека според насоките дадени од Министерството за правда, покренување обвиниение против претседателот Трамп не било опција. Истрагата покажа дека немало здружување меѓу кампањата на Трамп и Русија, но не го исклучи претседателот од делото попречување на правдата.

    „Извештајот е моето сведоштво“, рече Милер за извештајот од 448 страници.

    Со истрагата обвинети се 35-мина, меѓу нив и неколкумина од кампањата на Трамп и од неговата администрација.

    Милер беше на платниот список на Министерството за правда откако формално ја заврши истрагата во март. Минатиот месец министерот за правда Вилијам Бар јавно објави редактирана верзија на извештајот за Русија.

    Изјавата на Милер зјава дојде среде барањата тој да сведочи во Конгресот за она што го открил во истрагата и за тензијата со Бар. Милер и Бар беа во конфликт поради начинот на кој министерот го третираше извештајот на специјалниот обвинител поднесен во март, за мешањето на Русија во изборите во 2016 и можноста дека кампањата на републиканскот кандидат Доналд Трамп соработувала со руските напори да помогнат за негова победа.

    Демократите во Конгресот бараат Милер јавно да сведочи за извештајот, но нема точно определен датум и формат за тоа, а не е јасно и дали тој ќе прифати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира