АМБАСАДОРИТЕ НА САД, ХОЛАНДИЈА И БРИТАНИЈА ГО ЧИСТЕА СКОПЈЕ

    АМБАСАДОРИТЕ НА САД, ХОЛАНДИЈА И БРИТАНИЈА ГО ЧИСТЕА СКОПЈЕАмбасадорите на Холандија Дирк Јан Коп, на САД Кејт Мари Брнз и на Велика Британија Рејчел Гакловеј го чистеа кејот на реката Вардар кај мостот Близнак и кажаа дека секој од нас треба да даде свој придонес за здрава животна средина. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Амбасадорите на САД Кејт Мари Брнз, на Холандија Дирк Јан Коп и на Велика Британија Рејчел Галовеј денеска традиционално го чистеа Скопје. Амбасадорите се придружија на акцијата која ја организираа „Пакомак“ и „Пивара Скопје“.

    Амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Тие заедно со вработените го чистеа кејот на реката Вардар кај мостот Близнак и кажаа дека секој од нас треба да даде свој придонес за здрава животна средина.

    Амбасадорката на САД Кејт мари Брнз. (Фото: Ѓ. Личовски)

    „Со ваквите волонтерски акции кои ги организираме заедно со нашите партнери амбасадите на САД, Холандија и Велика Британија, сакаме да упатиме јасна порака и апел до целата заедница дека секој треба си го преземе својот дел од одговорноста и повеќе да се ангажираме за решавање на проблемите со загадувањето, со што ќе создадеме одржлива иднина за нас и идните генерации” рече генералниот директор на „Пивара Скопје“ Дан Тимотин.

    Амбасадорите се придружија на акцијата која ја организираа „Пакомак“ и „Пивара Скопје“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Платформата „Рециклираше ли и ти“ за подигнување на јавната свест за селектирање на отпадот беше промвирана во 2016 со првата еко акција за чистење на кејот на Вардар. Во овие акции беа собрани над 300 метри кубни смет.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари