НАРЕДНАТА НЕДЕЛА ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ПОЧНЕ ДА ДЕЛИ СУБВЕНЦИИ ОД 1.000 ЕВРА ЗА ИНВЕРТЕРИ, КОИ ВЛАДАТА ГИ НАЈАВИ ПРЕД 9 МЕСЕЦИ

    НАРЕДНАТА НЕДЕЛА ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ПОЧНЕ ДА ДЕЛИ СУБВЕНЦИИ ОД 1.000 ЕВРА ЗА ИНВЕРТЕРИ, КОИ ВЛАДАТА ГИ НАЈАВИ ПРЕД 9 МЕСЕЦИСубвенции за инвертери не можат да добијат доќинствата кои живеат во станбен објект со приклучок на градско централно греење без оглед на тоа дали го користат. (Фото: К.Попов)

    Девет месеци откако Владата најави дека ќе дава ваучери од 1.000 евра за купување инвертер клими, од наредната недела ќе почне аплицирањето за жителите на главниот град. Од Град Скопје денеска информираат дека од наредната недела ќе биде отворен повикот, а на него за субвенции во цела вредност на клима инвертерот, но не повеќе од 62.000 ќе може да аплицираат граѓани со фискални сметки од 1 јануари година.

    „Граѓаните за да добијат субвенции за инвертери ќе треба доброволно и без надомест да ги предадат постојните печки на дрва, јаглен, нафта или мазут. Повикот ќе се реализира согласно со принципот ‘прв дојден прв услужен’. На него немаат право на учество домаќинствата кои живеат во станбен објект со приклучок на градско централно греење без оглед на тоа дали го користат“, велат од Град Скопје.

    При најавата на проектот лани во септември заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули кажа дека на граѓаните ќе им се даваат ваучери, а потоа со нив ќе можат да одат во продажните салони да купат инвертер клими. Но, сега според соопштението на Град Скопје, нема да се даваат ваучери, туку граѓаните ќе треба прво да го купат инвертерот, да аплицираат во Град Скопје како при делењето на субвенции за велосипеди, па потоа на нивните сметки ќе им бидат вратени парите.

    Со овој проект на Владата ,покрај Град Скопје, се опфатени и општините Битола, Тетово и Кичево. Вкупно за оваа намена од државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) се обезбедени 10 милиони евра. Најмногу пари се префрлени на Град Скопје и тоа 5,2 милиони евра за 5.200 граѓани, потоа на Општина Битола 2,5 милиони евра за 2.500 граѓани, на Општина Тетово 1,5 милиони евра или за 1.500 жители и на Општина Кичево 800.000 евра за 800 жители.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира