НОВ ПАРКИНГ ЗА 200 ВОЗИЛА ВО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР, ОД ГРАД СКОПЈЕ ВЕЛАТ ВИКЕНДОВ ЌЕ ЗАВРШАТ СО АСФАЛТИРАЊЕ

    НОВ ПАРКИНГ ЗА 200 ВОЗИЛА ВО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР, ОД ГРАД СКОПЈЕ ВЕЛАТ ВИКЕНДОВ ЌЕ ЗАВРШАТ СО АСФАЛТИРАЊЕПаркингот се наоѓа на просторот каде првично беше планот да се гради новиот Клинички центар, а кој со години беше заграден и стоеше дупка. (Фото: Фејсбук)

    Викендов треба да заврши асфалтирањето на главните улици во Клиничкиот центар, велат од Град Скопје. Откако почна кризата со КОВИД-19 екипи на Град Скопје почнаа со целосна реконструкција на Клиничкиот центар, искористувајќи го тоа што на клиниките не се примаат пациенти, па нема движење ниту на граѓани ниту на возила.

    Градоначалникот Петре Шилегов вели дека од понеделник централниот дел на Клиничкиот центар ќе биде прооден, но и понатаму ќе се работи на пробивање на два нови влезови.

    „Со реконструираните улици има посебна патека за движење на болните, а посебна лента за возилата на граѓаните. На просторот каде минатата власт планираше да го гради новиот Клинички центар, а кој со години беше заграден и стоеше дупка, направивме паркинг за околу 200 возила. ЈП ‘Градски паркинг‘ и понатаму ќе стопанисува со паркирањето во комплексот. Со новиот режим на сообраќај кој ќе биде воведен по завршување на активностите ќе се среди проблемот со метежот“, вели Шилегов.

    Во рамките на градежните работи уреден е и влезот на Клиничкиот центар каде има посебена лента за возилата на Брза помош.

    Од Градот велат дека целиот комплекс ќе биде и хортикултурно уреден со трева, цвеќиња, садници и висококвалитетни дрвја, што ќе му даде се нов лик на просторот.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари