ОД УТРЕ НАУТРО ЌЕ ИМА ПОВЕЌЕ АВТОБУСИ, ВЕЛАТ ОД ЈСП „СКОПЈЕ“ ПО ПОПЛАКИТЕ ОД ГРАЃАНИТЕ ЗА ГУЖВИ

    ОД УТРЕ НАУТРО ЌЕ ИМА ПОВЕЌЕ АВТОБУСИ, ВЕЛАТ ОД ЈСП „СКОПЈЕ“ ПО ПОПЛАКИТЕ ОД ГРАЃАНИТЕ ЗА ГУЖВИДенеска не само што не се почитуваше одлуката за два метри одалеченост во автобусите, туку во нив немаше место да се качат сите патници.(Фото: Фејсбук)

    Од утре во утринските часови ќе има зголемен број на автобуси, велат од ЈСП „Скопје“. Откако утрово граѓаните реагираа дека не можеле да се качат во возилата бидејќи биле преполни, направена е анализа на кои линии имало поголем број патници и од утре ќе се пуштат дополнителни автобуси.

    Според новите мерки на Владата со кои беше воведен полициски час, се донесе одлука во јавниот превоз граѓаните да бидат на два метри оддалеченост и да носат заштитни маски и ракавици. Денеска не само што не се почитуваше одлуката за два метри оддалеченост во автобусите, туку во нив немаше место да се качат сите патници.

    „Од утре на линиите 2, 5, 11, 22, 57, 61, 62, 63 и 67, во утринските часови ќе сообраќаат зголемен број на возила, со цел да се избегнат гужвите кои беа регистрирани утринава во фрекфентните часови. ЈСП ’Скопје‘ ја следи ситуацијата на терен, во комуникација и координација е со институциите кои одлучуваат за препораките и мерките како да се реагира во новонастаната ситуација и притоа, за евентуалните измени во превозот, јавноста навремено ќе биде информирана“, велат од ЈСП „Скопје‘.

    Во моментов автобусите на ЈСП „Скопје“ возат по редуциран возен ред односно според саботниот распоред.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира