СЕЛА ЈА ОБВИНИ ТЕУТА ЗОШТО НЕ ЗЕЛА КОЊ ОД „СКОПЈЕ 2014“ ЗА ДА ГО СПАСИ ТЕТОВО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Струга,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

СЕЛА ЈА ОБВИНИ ТЕУТА ЗОШТО НЕ ЗЕЛА КОЊ ОД „СКОПЈЕ 2014“ ЗА ДА ГО СПАСИ ТЕТОВО

Градоначалникот на Струга Зијадин Села ја обвини колешката од Тетово Теута Арифи дека и како пратеничка и како вицепремиерка можела да влијае, но не сторила ништо да издејствува дел од парите за владиниот проект „Скопје 2014“ да бидат пренаменети за обезбедување пивка вода и регулирање на речните корита во Тетовско.

Теута Арифи

На годишнината од катастрофалните поплави во тетовско кога во посета на селото Шипковица беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски Теута Арифи изјави дека за да се создадат услови Тетово да може да се штити од вакви катастрофи е потребна инвестиција од 25 милиони евра што подразбира еден коњ помалку во Скопје (Фото: Зандон)

Села, лидер на опозициската Движење за реформи на ДПА што ја основа лани по несогласувањата со претседателот на ДПА Мендух Тачи, реагира на изјавата на тетовската градоначалничка Арифи, потпретседателка на владејачката ДУИ, дадена на 4 август на годишнината од катастрофалните поплави во тетовско, дека со еден коњ помалку во Скопје во Тетово ќе се решел проблемот со водата и поплавите.

„Ако ѝ било дојдено до еден коњ на Теута Арифи, градоначалник на Тетово, зошто кога беше пратеничка, а беше дел и од извршната власт, гласаше за поставување коњи во проектот ’Скопје 2014’, а не за да се среди водата за пиење во Тетово и  речните корита?“, вели  Села.

“Теута Арифи беше пратеничка кога се гласаа буџетите за тие коњи. Таа беше и дел од власта – вицепремиерка.  Нека одговори зошто гласаше за коњ, а не за да се среди водата за пиење во Тетово и  речните корита, за да не дојде до ова што се случува, да се спречеа поплавите“, рече Села, коментирајќи ја изјавата на Арифи дека со еден коњ помалку на скопскиот плоштад, ќе се сределе сите работи во Тетово.

Пред неколку дена Тетовско пак беше зафатено од невреме кое овој пат за среќа не однесе човечки животи, но го однесе патот меѓу Шипковица и

Пред неколку дена Тетовско пак беше зафатено од невреме кое овој пат за среќа не однесе човечки животи, но го однесе патот меѓу Шипковица и Бродец (фото: Зандон)

Проектот „Скопје 2014“ за кој Владата досега потроши 640 милиони евра, беше претставен во 2010, кога Арифи го тераше својот трет мандат како пратеничка во Собранието. Таа во јули 2011 година беше избрана за вицепремиерка задолжена за европски прашања.

Села беше пратеник на опозициската ДПА во Собранието од 2011 до 2013.

На 4 август, на годишнината од катастрофалните поплави во тетовско кога во посета на селото Шипковица беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, Арифи изјави:

“Од целиот проект и од нашите предвидувања и анализи се покажува дека за да создадат услови градот да може да се штити од вакви катастрофи е потребна инвестиција од 25 милиони евра. Затоа и се обраќаме до државните институции, да ја издејствуваат оваа сума имајќи го предвид фактот дека граѓаните на Тетово исто така имаат право да бидат корисници на буџетот кој се двои за сите граѓани. Ова подразбира еден коњ помалку во Скопје и ќе се средат работите“.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира