ВО БУЏЕТОТ НА БИТОЛА ПАК НЕМА ПАРИ ЗА ОФИЦЕРСКИ ДОМ И КОПАНКИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВО БУЏЕТОТ НА БИТОЛА ПАК НЕМА ПАРИ ЗА ОФИЦЕРСКИ ДОМ И КОПАНКИ

    Владејачкото мнозинство во битолскиот Совет предводено од ВМРО-ДПМНЕ, повторно гласаше против да се издвојат пари од буџетот на Општината во 2017 за обнова на Офицерскиот дом и планинарскиот дом Копанки. Предлогот беше на Благојче Котевски, советник од СДСМ, кој истакна дека за санација на овие два култни дома не се предвидени средства во ниедна ставка од општинскиот буџет за 2017. Од власта ги отфрлија ваквите предлози со образложение дека овие проблеми ќе се решаваат со државни пари.

    Офицерскиот дом е во многу лоша состојба, оставен без никаква грижа со руинирани ѕидови, простории, балкони, прозорци. Копанки четврта година по пожарот остана во руини.

    „Изминатите  12 години Општина Битола вложила 6 милиони евра, според други пресметки и многу повеќе за култура, а од тоа денес имаме споменици од прва категорија кои се распаѓаат. Еден таков е Офицерскиот дом. Владата вети дека ќе се вложат 2 милиони евра за реконструкција, а до денес немаме ништо. Во меѓувреме, кристалниот лустер кој беше обележје на овој дом се демолира и за тоа никој не презеде одговорност. Лустер кој преживеа две светски војни, не знам колку општествени уредувања, не го преживеа владеењето на ДПМНЕ“, рече Котевски.

    Тој предложи пари за реставрација на Офицерскиот дом да се издвојат од Програмата за култура, а за Копанки  100.000 евра од програмата за туризам.

    Советниците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ гласаа против, со образложение дека за нивна санација предвидени се средства од буџетот на Република Македонија. За Офицеркиот дом, како што рекоа, ќе бидат извоени средства уште во 2017.

    Слична ситуација имаше и лани на расправа за локалниот буџет, кога истиот советник побара да се издвојат средства за Копанки, но власта гласаше против. Пратениците од опозицијата од Битола во претходниот параламентарен состав доставија амандман за да одделат средства за Копанки, но пратениците од власта и тогаш гласаа против.

    По ваквите потези, сепак, изградбата на планинарскиот дом Копанки и санација на Офицеркиот дом беа дел од предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ на овие парламентарни избори. Кога во Битола ги промовираше носителот на листата Антонио Милошоски, беше запрашан зошто гласаа против ваквите предлози, а сега ветуваат дека ќе ги санираат. Тој одговори дека некои пратеници поднесувале амандмани во последен момент иако и знаеле дека не можат да се реализираат толку брзо. Вети дека ќе го изградат Копанки во 2018 со средства од ЕЛЕМ.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари