И ДА ИМА БОЈКОТ ОДИХР ЌЕ ГО НАБЉУДУВА ИЗБОРНИОТ ПРОЦЕС

a:3:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:11:"td_subtitle";s:274:"Мисијатапланирадагипродолжинабљудувачкитеактивностиипроценкаседозавршувањетонаизборниотпроцес.“,изјавијаодОДИХРзаСАКАМДАКАЖАМ.МК.";s:9:"td_source";s:49:"Варшава,(САКАМДАКААЖАМ.МК)

    И ДА ИМА БОЈКОТ ОДИХР ЌЕ ГО НАБЉУДУВА ИЗБОРНИОТ ПРОЦЕС

    Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) ќе ги набљудува изборите на 5 јуни, изјавија за САКАМДАКАЖАМ.МК од седиштето на организацијата во Варшава, Полска.

    На прашањето дали набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР ќе продоложи, со оглед на тоа што опозицијата најави бојкот на изборите на 5 јуни, портпаролот на ОДИХР Томас Ример изјави: „Според поканата од релевантните власти, Канцеларијата на ОБСЕ за Демократски институции и човекови права (ОДИХР) испрати мисија за набљудување на парламентарните избори закажани за 5 јуни. Мисијата планира да ги продолжи набљудувачките активности и проценка се до завршувањето на изборниот процес.“, изјави Ример за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во саботата официјално ги покани ОБСЕ, Европскиот парламент, Европскиот совет и НАТО да ги набљудуваат предвремените избори на 5 јуни.

    Пред тоа еврокомесарот за проширување Јоханес Хан се закани дека новата влада по 5 јуни може да не биде меѓународно признаена и прифатена. Тој на еден собир во Вашингтон, одговарајќи на прашање од Обединетата македонска дијаспора рече „Изборите на 5 јуни се под прашање и искрено не знам како ќе биде по изборите.

    Ако не работат заедно и ако не се фокусираат за фер и демократски избори, новата Влада нема да биде меѓународно прифатена и признаена“, изјавил Хан.

    Ако не се фокусираат за фер и демократски избори, новата Влада нема да биде меѓународно прифатена и признаена“, еврокомесарот Јоханес Хан

    Oдлуката на претседателот Иванов сериозно ја доведува во прашање способноста на земјата да одржи веродостојни избори на 5 јуни, амбасадорот Даниел Бер

    Oдлуката на претседателот Иванов сериозно ја доведува во прашање способноста на земјата да одржи веродостојни избори на 5 јуни, амбасадорот на САД во ОБСЕ во Виена, Даниел Бер

    И САД испратија порака дека се сомневаат на способноста на Македонија да организира веродостојни избори.  Даниел Бер, амбасадорот на САД во Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена изјави дека „Одлуката на Иванов сериозно ја става под знак прашање способноста на државата на одржи веродостојни избори на 5 јуни, кои веќе беа одложени.“

    Европската унија ги повика партиите итно да се вратат на преговарачка маса. Во соопштението од  од мисијата на ЕУ во ОБСЕ се повикуваат македонските партии „да ги имплементираат реформските заложби, вклучувајќи ги и оние во рамките на подготовка на веродостојни избори, во интерес на сите граѓани. Ова е важно за задржување на земјата на Европски и евроатлантски пат“, стои во соопштението мисијата на ЕУ во ОБСЕ.

    Во саботата Државната изборна комисија го усвои роковникот за изборните активности. Избирачкиот список јавно ќе биде објавен на 25 април.  На 16 мај официјално ќе почне изборната кампања.

    Претставниците на СДСМ во ДИК, Виолета Дума и Игор Милев не се појавија на седницата кога се носеше роковникот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира