РОКОТ ИСТЕКУВА НА ПОЛНОЌ, А НИТУ ЕДНА ПАРТИЈА НЕ ПРЕДЛОЖИЛА ЧЛЕНОВИ НА ИЗБИРАЧКИ ОДБОРИ

a:1:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA

    РОКОТ ИСТЕКУВА НА ПОЛНОЌ, А НИТУ ЕДНА ПАРТИЈА НЕ ПРЕДЛОЖИЛА ЧЛЕНОВИ НА ИЗБИРАЧКИ ОДБОРИ

    На помалку од 24 часа од рокот за предлагање членови на избирачките одбори за изборите на 5 јуни, ниту една партија нема предложено имиња на кандидати, изјавија доцна синоќа за САКАМДАКАЖАМ.МК од Државната изборна комисија (ДИК). Рокот за поднесување на кандидатите е до вечерва на полноќ.

    Владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ предложиле кандидати, но само во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија.

    Дознаваме дека прво предлозите ги дала ВМРО-ДПМНЕ, а веднаш по неа и ДУИ.

    Во ДИК велат дека оној момент кога некоја од овие партии ќе предложи свои претставници за овдешните избирачки одбори, со тоа практично ќе се изјасни дека ќе учествува на изборите.

    Вчера не успеавме од ДУИ да дознаеме дали кандидирањето на членовите во дијаспората било координирано со лидерот Али Ахмети, или едноставно партијата само ги почитувала роковите.

    Само пред неколку дена, Ахмети во интервју за австрискиот весник “Стандард“ беше категоричен дека без опозицијата не може да стане збор дека ДУИ би учествувала на предвремените избори закажани на петти јуни.

    “Кои избори? Се шегувате со мене?“, изјави Али Ахмети за “Стандард“

    “Кои избори? Се шегувате со мене?“, изјави Али Ахмети за австриски “Стандард“  кога речиси во исто време неговата партија предлагала ленови и заменици-членови од ДУИ во избирачките одбори во конзуларните претставништва во странство.

    и го објасни својот став: „ДУИ сака исполнување на сите критериуми, со цел веродостојноста на изборите да биде призната од сите, да биде призната и од меѓународната заедница. Ние, четирите партии решивме да ги одложиме изборите за 5 јуни. Но, сега опозицијата ја оспорува работата на ДИК. За земјата не би било добро да се оди на избори без опозиција. ДИК мора да се произнесе околу оправданоста на барањата на опозицијата, а тоа би требало да го коментираат и меѓународните претставници. Во земјата владее хаотична ситуација, управата не функционира, владее општо исчекување,“ укажа Ахмети минатата недела, кога речиси во исто време неговата партија предлагала членови и заменици-членови од ДУИ во избирачките одбори во конзуларните претставништва во странство.

    Портпаролот на ДУИ Бујар Османи вчера рече дека неговата партија ги поддржува континуираните напори на меѓународната заедница за наоѓање заедничко решение.

    “Оваа недела е последна за партиите да се изјаснат за конечниот став во однос на заедничко решение за излез од кризата. Само решение кое ги вклучува сите страни, е најдобар начин за излегување од оваа криза. ДУИ останува на ставот дека решението треба да биде инклузивно“, изјави Османи.

    На прашањето зошто тогаш ДУИ веќе предложила членови за Избирачки одбори, односно партиципира во подготовка на избори на кои нема да учествуваат сите партии, Османи избегна конкретен одговор.

    “Се до конечното изјаснување на партиите – дали се подготвени за заедничко прифатливо решение за излез од кризата, ДУИ ќе работи да се постигне компромис“,  рече тој.

    Покрај партиски предлози, избирачките одбори ги сочинуваат и вработени од јавната и од државната администрација.

    На 28 април со одлука на ДИК, на која не присуствуваа претставниците на СДСМ Виолета Дума и Игор Милев, беа формирани сите Општински изборни комисии, по случаен избор од списокот на вработените од јавната администрација.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари